Многу се вкусни како главно јадење или како прилог.

Потребни состојки:

6 тиквички
2 мали лажички сол

За похување:

4 белки
2 лажици вода
1,5 шолја брашно (од 250 мл)
1 мала лажица лук во прав
¼ мала лажичка црн пипер
¼ мала лажичка сол
½ шолја пармезан
2 шолји презла
10-тина лажици масло

Постапка:

Тиквичките излупете ги, исечете ги на половина и секоја половина пресечете ја надолжно на три дела. Ставете ги во цедалка, посолете ги и оставете ги да отстојат додека да се исцедат, околу половина час.

Потоа измијте ги и исцедете ги од вишокот вода. Поголема тепсија обилно намастете ја со масло и оставете ја на страна.

Тиквичките прво ставајте ги во мешавина од брашно, пармезан и зачини, па во изматените белки во кои сте додале две лажици вода и на на крај во презла.

Тиквичките наредете ги во тепсија, испрскајте со остатокот од маслото и печете ги на 210 степени околу 35 минути или додека убаво да заруменат.