Торта без готвење и печење со бисквити, готова за 10 минути

Кремаста, вкусна…. брза и едноставна.

Потребни состојки:

3 шлаг креми од чоколадо
500 мл чоколадно млеко
100 мл млеко
200 г путер / маргарин
100 г чоколадо за готвење
2 жолчки
100 г шеќер во прав
Околу 300 г бисквити

За декорација:

Шлаг крем, шлаг пена, слатка павлака, рендано чоколадо

Постапка:

Изматете 3 шлаг креми од чоколадо со 100 мл обично и 500 мл чоколадно млеко.

Изматете го путерот со шеќер во прав (по вкус може да додадете и повеќе шеќер ако сакате) и жолчки, па додадете растопено чоколадо за готвење. Добро измиксајте, па додадете изматен шлаг.

Потоа додадете искршени бисквити, па обликувајте ја тортата (може да користите обичен калап, долгнавест калап, пластичен сад обложен со фолија…).

Оставете 1-2 часа во фрижидер да се стегне, а потоа извадете го обрачот од калапот.

Тортата премачкајте ја со изматен шлаг. Одозгора изрендајте чоколадо.

Уште малку вратете во фрижидер, па можете да послужите.

Loading...