Ловоровиот лист има голема примена во лекувањето на респираторните болести. Античките цивилизации користеле ловор за лекување на многу болести. До денес, оваа традиција се користи благодарение на силниот ефект што го има ова скапоцено растение.

Ловорот долго време се користи во народната медицина за лекување на разни видови на болести. Лековитите својства на ова растение се докажани, а најмногу се користат за лекување на кашлица.

Ловоровиот лист одамна е ценет не само како врвен зачин кој на јадењата им дава посебна арома, туку и како природен лек кој делува антивоспалително и антисептички.

Листовите од оваа древна зимзелена билка која расте ширум Средоземјето, се богати со разновидни минерали како калиум, бакар, манган, калциум, железо, цинк, магнезиум, селен како и витамини од Б групата кои се важни за метаболизмот, одржување на хормоналната рамнотежа, како и за нормална работа на нервите и мускулите.

Ловорот се користи и во лекувањето на дигестивни и кардиоваскуларни проблеми, гихт, реума, како и кај нервоза и несоница. Етеричното масло од ловоров лист се користи за инхалации, а многу е корисно и за дезинфекција на просторот во сезона на настинки и вируси.

Чајот и сирупот од ловоров лист се препорачуваат и за јакнење на имунитетот, прочистување на дишните патишта, и ублажување на кашлицата, болки во грлото и бронхитис.

Ловоровиот лист содржи широк спектар на делотворни хранливи материи. Богат е со минерали и витамини како што се: калиум, цинк, магнезиум, селен, железо, витамин А, витамини Ц и Б.

Во народната медицина, ова растение се смета за природен аналгетик и се користи за ублажување на бол-ката предизвикана од надворешни фактори. Го зајакнува имунитетот и се користи како природен антибиотик против разни вирусни и бактериски инфекции.

Примената на ова растение во народната медицина е многу разновидна. Сепак, најголемата примена на ова растение е против кашлица. Без разлика дали станува збор за бронхитис, настинка или некоја друга причина, чајот и сирупот од ова растение ги смируваат органите за дишење многу брзо и кашлицата исчезнува без да земете никакви лекови.

Фактот дека чајот од ловоров лист ја елиминира непријатната кашлица е одлична природна замена за сите купени чаеви што може да се најдат на пазарот. Многу ефикасен додаток на овој чај се однесува на фактот дека можат да го консумираат дури и најмладите во сезоната на грип кога се справуваат со респираторните проблеми.

Покрај тоа, ако не сте љубител на чај, можете да направите природен сируп базиран на ловоров лист за кашлица. Овој моќен препарат, освен што има пријатен вкус, исто така е многу ефикасен и кога станува збор за брзо заздравување.

Домашен сируп за кашлица

Рецепт на Кристина Гаспар. Сируп од кашлица во кој главни состојки се шеќерот, жалфијата и ловоров лист.

Се сеќавам како баба ми правеше чај од прегорен шеќер и ловоров лист кога бевме болни. Повеќето вакви природни лекови со прегорен шеќер се прават со млеко. Баба ми не сакаше млеко, а не ми се допаѓа ниту мене.

Овој чај во комбинација со лимон е добро решение, а сирупот од кашлица е уште подобар. Баба често препорачуваше да јадеме и парче сланина што постепено ќе се топи во устата за болка во грлото.

Потребни состојки: 1 чаша шеќер, 1 чаша вода, околу 10 ловорови лисја, 2 лажици сува жалфија. Една чаша се однесува на 200 мл.

Подготовка: Пржете го шеќерот на вообичаен начин – пржете го додека да добие убава карамел боја, но внимавајте да не го загорите. Потоа во кафеавиот шеќер додајте чаша вода.

Поклопете и варете додека шеќерот да се растопи. Потоа додајте го ловоровиот лист и жалфијата. Гответе уште десет минути. Потоа тргнете од рингла и поклопете го тенџерето со капак, додека сирупот да се излади.

По ладењето, процедете го и истурете го во шише или тегла. Се препорачува да пиете сируп за кашлица трипати на ден – една кафена лажичка половина час пред јадење. За деца доволно е да консумираат по една мала лажичка.

Чај од ловоров лист

Постапка: Три свежи или суви листови од ловоров исечкајте ги на помали парчиња или издробете ги, па прелијте ги со 250 мл вода и откако ќе зоврие на умерена температура варете уште 10 минути.

Потоа тргнете од оган и оставете да отстои уште 10 минути поклопено, па процедете. Кога малку ќе се излади чајот додајте една лажица лимонов сок и лажичка мед. Пијте 2-3 шолји дневно. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска