Home закуска Компирот веќе не го пржам…Ова е највкусното јадење што сум го направила...

Компирот веќе не го пржам…Ова е највкусното јадење што сум го направила досега…СОЛЕН РОЛАТ

Компирот веќе не го пржам…Ова е највкусното јадење што сум го направила досега…СОЛЕН РОЛАТ…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г + 40 г рендан кашкавал/моцарела
3 компири
сол, црн и црвен пипер, масло
1/2 лажичка суво оригано
500 г мелено месо
1 главица кромид
1 пиперка 200 г
60 мл доматен сок
1 јајце

ПОСТАПКА:

1.Големиот плех обложете го со хартија за печење и преку цела површина распоредете рендан кашкавал. Преку него скалесто наредете ги компирите исечени на многу тенки ленти (на „мандолина“, како за чипс).

2.Одозгора посипете масло и посолете, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 20 минути.

<

3.На малку масло запржете го меленото месо додека тоа да ја промени бојата, па додајте ги ситно сечканиот кромид и пиперка (половина црвена и половина жолта). Додајте зачини и динстајте 10 минути додека сето да омекне.

4.Додајте ситно сечкан магдонос (1/2 китка) и доматен сок, па мешајте додека да се поврзат сите состојки. Оставете настрана и додајте едно јајце, па енергично мешајте за да се инкорпорира.

5.Смесата сипете ја врз компирите во плехот и распоредете рамномерно (оставете празно по 2 см од краевите).

6.Одозгора посипете малку рендан кашкавал, па со подигање на хартијата внимателно свиткајте ролат.

7.Врз ролатот посипете рендан кашкавал и печете го 10 минути во загреана рерна на 180 степени и 3-5 минути на вентилатор. Декорирајте со ситно сечкан млад кромид и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.