Овен

Љубов: Најголем љубовен предизвик ќе најдете во стрелецот. Ќе бидете маѓепсани од неговиот широк поглед на светот. Ќе ви се допадне неговото гледање во иднината, наместо навраќање на минатото.

Дружба: Најуспешна дружба ве очекува со рибите. Конечно некој ќе ги разбере вашите најдлабоки интимни дилеми.

Работа: Најдобар колега на работа ќе ви биде јарецот. Вие сте фантастични во започнувањето нови проекти, но ви треба некој што упорно ќе работи на нив за да ги заврши.

Бик

Љубов: Најдобар партнер ќе пронајдете во девицата. Нејзината склоност за анализа и нејзиниот зрел пристап кон животот ќе ви влијае смирувачки. Обата знака по многуте битки бараат мир.

Дружба: Кога ќе посакате квалитетна забава со добра музика, со лавот ќе ви биде совршено. Преку него можете да запознаете и идни деловни соработници.

Работа: Најдобар соработник во деловна средина ви е водолијата.

Близнаци

Љубов: Вашиот најдобар партнер е вагата која дипломатски ќе се избори со сите ваши недоумици и ќе ги презентира како лесно донесени одлуки.

Дружба: Највозбудливо ќе се забавувате со скорпии. Тие се вистинската екипа за скитање кога ќе ви дојде премногу од емотивните дилеми и од густиот работен распоред.

Работа: Најдобар соработник ќе ви биде стрелецот.

Рак
Љубов: Најдобар пријател ви е јарецот. Тој е доволно стабилен и упорен за да ја стекне вашата доверба. Ќе ги цените неговите емотивни и семејни вредности.

Дружба: Најопуштени сте во друштво на бикови.

Работа: Најдобар деловен соработник ви е скорпијата.

Лав

Љубов: Најдобар партнер ви е водолијата, на која никогаш нема да ѝ биде тешко да ги ислуша вашите психички и интелектуални драми. Кому му треба секс кога можете да седите и да разговарате до раните утрински часови?

Дружба: Ваш најдобар пријател е овенот, кому не мора многу да му објаснувате како се чувствувате. Понекогаш пазарењето, кафето и молчеливото разбирање се најдобрата поддршка што може да се добие од пријател.

Работа: На работа најдобро соработувате со вага.

Девица

Љубов: Најдобар партнер за вас е бикот кому му одговара вашата енергија на реален оптимист. И покрај честите излегувања, најинтересните работи меѓу вас ќе се случуваат далеку од љубопитните очи.

Дружба: Најдобра придружба на забавите и можност за нови познанства ќе имате со ракот.

Работа: Најдобро ќе соработувате со риби.

Вага

Љубов: Овенот ви е најдобар знак за партнер. Тој е подготвен заедно со вас да тргне во предизвикувачка мисија за совладување на сите пречки што ви стојат на патот. Вие ќе ги ублажувате неговите остри рабови, а тој вам ќе ви ја буди страста за нови емотивни авантури.

Дружба: За забава, но и за сериозни разговори, најдобра опција ви се близнаците.

Работа: Најдобар деловен партнер ќе ви биде водолијата која ќе знае да ја цени вашата посветеност на тимот и заедно со вас ќе развива нови креативни, па дури и револуционерни идеи.

Скорпија

Љубов: Љубовта најлесно ќе ја пронајдете кај рибите кои го чувствуваат вашето расположение и желби пред да проговорите. Комбинацијата од приспособливост и романтика интензивно ќе го смири вашиот бурен карактер.

Дружба: Најдобар пријател ви е некој во истиот знак како вашиот бидејќи само тој може да знае како се чувствувате во секој даден момент.

Работа: Најдобро соработувате со припадниците на знакот бик.

Стрелец

Љубов: Најдобар љубовен партнер би ви бил лавот, кој знае да ги цени вашата внимателност и храброст.

Дружба: Најдобар другар за хедонистички авантури ќе пронајдете во рибите. Добро ќе се разбирате во потрагата по вистината, поминувајќи низ многу кулинарски излети и добро вино.

Работа: Најдобри соработници на професионален план ви се близнаците.

Јарец

Љубов: Најдобар партнер ќе најдете во некој кој е роден во знакот рак. Тој никогаш не престанува да покажува емоции кога има задоволна публика.

Дружба: Заеднички интереси за дружење најмногу имате со девиците. Тие се личности кои подеднакво посветено го сакаат своето хоби како и вие, а тоа за вас значи како да сте ја пронашле својата сродна душа.

Работа: Најдобро соработувате со скорпии.

Водолија

Љубов: Најубави љубовни моменти ќе имате доколку за партнер изберете стрелец. Како патници со слободен дух, тие имаат доволно страст и вам да ве одведат на возбудливо емотивно патување. Исто така, стрелецот ќе ве научи на важноста на довербата.

Дружба: Вашиот социјален живот би бил невозможен без лавот, особено оној што никогаш не спие. Заедно ќе пројдете низ многу различни друштва и од сите ќе го искористите најдоброто.

Работа: Најдобар соработник ќе пронајдете во овенот, но само ако сте подготвени да го следите неговото темпо.

Риби

Љубов: Возбудливи денови и ноќи ве очекуваат со ракот, кој не може да престане да гледа во вашите очи. Тој се чувствува хипнотизиран кога е во ваша близина.

Дружба: Многуте забави за кои долго ќе се зборува започнуваат и завршуваат со стрелците. Сте си нашле ист како вас и нема да престанете да се забавувате додека некој од вас не падне од стол.

Работа: Секогаш можете да имате добар соработник ако го побарате во лавот.