Home Uncategorized ЌОФТЕ НА ТАВЧЕ: во сос од кромид…традиционално македонско јадење – прсти да...

ЌОФТЕ НА ТАВЧЕ: во сос од кромид…традиционално македонско јадење – прсти да излижеш

ЌОФТЕ НА ТАВЧЕ: во сос од кромид…традиционално македонско јадење – прсти да излижеш! Еве што ви е потребно според рецептот на Ружица:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 кг кромид
4-5 чешниња лук
3 ловорови листови
1 лажичка црвен пипер во прав
1/2 лажичка толчен црвен пипер/буковец/чили
сол и црн пипер во прав по вкус

За ќофтиња:
600-700 г мелено месо
2 помали компири, сварени
1/2 главица кромид, рендан
1 чешне лук, рендано
сол и црн пипер по вкус
ситно сечкан магдонос по желба

ПОСТАПКА:

На масло пропржете го кромидот исечен покрупно. Динстајте со постојано мешање додека да испари течноста. Додајте ловоров лист и лук исечкан на листови, па зачинете по вкус.

<

Кога ќе забележите дека кромидот почнал да се карамелизира, додајте црвен пипер, прете уште некоја минута, па тргнете настрана.

Во длабок сад измешајте го меленото месо со испасираниот компир и сите останати состојки, па убаво измесете го со рака за да се изедначи. Смесата можете да ја подготвите и претходно, па ќофтињата да ги испржите кога сосот од кромид ќе биде при крај.

Обликувајте ги ќофтињата и кратко запржете ги на масло. Смесата од кромид распоредете ја на дното од огноотпорен сад, а врз неа распоредете ги ќофтињата. печете во загреана рерна на 190 степени приближно 1 час.

Послужете со варен ориз како прилог или со домашно печено лепче. Нека ви е на здравје! Рецепт на Ружица / Сооlinarika.сom