Home Uncategorized Новогодишни обланди со бисквити, готови за 20 минути

Новогодишни обланди со бисквити, готови за 20 минути

Едноставни обланди со бисквити кои можете да ги направите за Нова година или за други празници.

Потребни состојки:

600 г шеќер
600 мл млеко/растително за посно
250 г маргарин/путер
600 г мелени бисквити
200 г кокос
2 лажици какао

Постапка:

Шеќерот и млекото се варат 10 минути. Потоа се додава маргаринот или путерот и се меша додека тој се растопи. Смесата се трга на страна малку да подизлади.

Потоа се додаваат мелените бисквити и кокосот. Добро се промешува за да се впие течноста и да се изедначат состојките.

Добиената смеса се дели на два дела, а во едниот се додава какао и се промешува за да се добие темен дел.

Со топлата смеса се филуваат обландите и добро се притиска за да се стегне филот. Откако ќе излади добро и ќе се зацврсти, обландите се сечат на штангли и се украсуваат по желба.