Фото и рецепт на Александа Босиоцич Дроњич – Шведски божиќен пудинг од ориз (Swedish Christmas Rice Pudding) или fancy сутлијаш : – )

Пудингот од ориз е многу важно јадење во Шведска кое се приготвува со векови. Првиот запис за овој десерт постои уште од 1328 година кога се послужувал на сите поважни забави.

Оризовиот пудинг или како што ние го нарекуваме – сутлијаш, може да се послужува во било кој период од годината, но задолжително се приготвува за Божиќ и тоа поради еден многу интересен обичај.

Во целата количина се става и едно зрно бадем, па кому ќе му се падне бадемот, тоа значи дека следната година ќе му биде бериќетна. Ако бадемот се падне кај млади ергени или девојки, тоа би значело дека следната година ќе ја пробајдат својата љубов.

Потребни состојки:

1 шолја (од 200 мл) ориз
1 ¼ шолја вода
малку путер, околу 50 г
мало стапче цимет
прстофат сол

Постапка:

Оризот добро измијте го, измешајте ги сите наведени состојки и варете 10-тина минути, додека водата да испари. Во меѓувреме измешајте ги следниве состојки:

2 јајца
3 шолји млеко
1 ванилин шеќер
½ шолја шеќер
1 прстофат сол

Изматете ги добро состојките и смесата додадете ја во оризот кога водата ќе биде испарена. Варете на тивок оган околу половина час или колку што е потребно за да се свари до крај и убаво да згусне.

Тргнете го варениот ориз на страна и додадете половина шолја (по можност, млечна) слатка павлака (течна, не е потребно да се микса). Добро изладете и послужете со наросен цимет во прав.

Фото и рецепт на Александа Босиоцич Дроњич