Потребни состојки:

250 мл млеко

1 лажичка шеќер

45 г квасец

1 јајце

50 г путер/маргарин

1 ½ лажичка сол

450 г брашно

3 лажици путер/маргарин за мачкање

Сусам и ленено семе за поросување

Постапка:

Во топло млеко растопете го квасецот со лажичка шеќер и брашно. Оставете 10-тина минути да се активира. Потоа додадете жолчка, путер на собна температура, сол и брашно, па замесете тесто. Оставете 30 минути.

Надојденото тесто поделете го на три еднакви делови. Првиот дел од тестото развлечете го и премачкајте го со путер или маргарин. Ставете го вториот дел развлечено тесто, па и него премачкајте го. Ставете го и последниот, трет дел.

Тестото расукајте го во малку поголем круг. Повторно премачкајте и исечете на 6 тријаголници. Секој тријаголник свиткајте го во кифла, а потоа исечете на средина, така, да добиете два дела. Редете во подмачкан, тркалезен калап со дупка, величина 26 см, со потесниот дел кон средината. Оставете 30 минути да надојде па премачкајте со изматена белка и поросете со сусам и ленено семе.

Печете 25 минути на 200 °C.