Јапонско јаболко – зимски природен извор на витамини и минерали

loading...

Наликува на патлиџан со портокалова боја, но има уникатен благ вкус, пред сѐ поради присуството на танин. Доколку се јаде додека не е омекнато, се добива чувство на „собирање на устата“ поради танинот. Кога ќе омекне, станува извонредно благо и не се добива такво чудно чувство во устата.

Придобивките од јапонското јаболко се многубројни. Ниска количина на калории и масти. Исто така е добар извор на растителни влакна, кои помагаат при варењето на храната.

Богати се со полифеноли – антиоксиданти. Овие состојки помагаат при превенцијата од рак. Имаат и антиинфекциско својство и се добри за имунитетот.

loading...

Изобилува со витамин А, бета каротен, ликопен, лутеин и криптоксанин. Овие состојки штитат од штетното дејство на слободните радикали, кои го забрзуваат стареењето и се извор на други здравствени проблеми.

Присуството на Б-комплекс и витамини како фолна киселина, витамин Б-6, тиамин итн. играа важна улога во ензимските процеси на метаболизмот.

Одличен извор е и на витамин Ц. Редовното конзумирање јапонски јаболка му помага на телото да го зајакне имунитетот против разните вируси кои владеат во зимскиот период. Свежите јапонски јаболка содржат и минерали како манган, бакар, фосфор и калциум. Овие минерали го подобруваат размножувањето на црвените крвни зрнца.

Танинот е одличен против дијареа. Исто така има и закрепнувачко дејство, па јапонските јаболка се препорачуваат при модринки и крварења. Го успоруваат размножувањето на бактериите, па затоа се препорачуваат против настинка и грип.

Високото ниво на природни шеќери, гликоза и фруктоза, помагаат кај кардиоваскуларниот систем.

Добри се за кожата – особено за маски за лице. Маската се прави така што се вади срцевината од јапонското јаболко, се додава лимонов сок и се меша. Потоа се нанесува на лицето.

Јапонските јаболки ја ублажуваат мачнината од мамурлакот.

Изедете јапонско јаболко доколку сте имале тешка вечер со алкохолот.

Конзумирање

Јапонското јаболко се препорачува да се јаде свежо, откако ќе омекне. Јаболкото лесно се лупи и се јаде срцевината. Ова овошје може да се користи и за слатко или пита. Во Јапонија го користат како додаток на оризот.

loading...