Секогаш подготвувате исти јадења со кои се вртите во круг и немате идеја за некое ново, а вкусно и брзо јадење? Во тој случај направете вкусни зеленчукови плескавици кои сите ги воодушевуваат.

рецепт 1

Главната состојка која е зелка, а може да ги пржите со црпење на смесата со лажица, да ги обликувате со раце, или пак, да ги похувате и да ги полнете со кашкавал/моцарела. Ќе ви ги претставиме двата основни начини, а вие одберете кој повеќе ви одговара. Послужете ги со јогуртен сос во кој сте додале рендана или ситно краставичка, лукче и уште некој зачин по вкус. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г зелка, 2 помали главици кромид, 3 чешниња лук, 3 јајца, 4 супени лажици брашно (60 г), 1 лажичка сол (8 г), 1 мала лажичка црвен пипер (4 г), 1 мала лажичка црн мелен пипер (4 г)

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500-600 г зелка, сол и црн пипер по вкус, оригано, 1 лажица доматно пире, 1 јајце, 200 г сварен ориз, 3 лажици лебни трошки/презла, 40 г рендан кашкавал, 200 г моцарела. За похување: 2 јајца, лебни трошки/презла

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: Зелката исечкајте ја поситно колку што можете, па ставете ја во тенџере на оган и прелијте со вода. Од моментот на зовривање варете ја 10-15 минути со повремено промешување додека да спасне и да омекне.




Подварената зелка процедете ја од водата и оставете ја да се олади. За тоа време ситно исечкајте го кромидот па заедно со лукчето пропржете го на малку масло, додека да омекне и застакли.




Исцедената и оладена зелка дополнително истискајте ја со раце за да излезе вишокот течност, па ставете ја во еден подлабок сад и во средината направете вдлабнување. Додајте ги јајцата, динстаниот кромид и лук, брашното и зачините (кој сака може да додаде и лажичка прашок за печиво).




Измешајте ги сите состојки до изедначување и вашата смеса е спремна. Во широка тава загрејте масло на умерена температура, па црпете „топки“ од смесата со лажица и спуштајте во маслото. Пред секое ново црпнување намастувајте ја лажицата во врелото масло.




Пржете ги по неколку минути од двете страни додека да заруменат, па вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка. Од смесата можете да црпете и со раце, па со намастени дланки да обликувате ќофтиња или плескавици. Доколку сакате да ги похувате, „тестото“ замесете го на малку поинаков начин, според описот во вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Зелката ситно исечкајте и ставете ја да се вари. Посолете, а после процедете ја и оставете ја малку да се подизлади. Зечинете со оригано и црн мелен пипер. Додајте го доматното пире и јајцето, па промешајте.




Додајте го и сварениот ориз, лебните трошки, ренданиот кашкавал и соединете во еднолична смеса. Моцарелата исечкјате ја на коцки. Од смесата црпете поголема количина во дланката, правете вдлабнување, па полнете со моцарела. Обликувајте топка, малку сплескајте, па валајте прво во изматено јајце, а потоа во лебни трошки. Пржете во умерено загреано масло.