ПОСНА РЕФОРМ КРАЛСКА ТОРТА: Еве со што се заменуваат јајцата и млекото, па се добива уште подобар вкус

Наместо мрсната варијанта подгответе посна реформ торта, која според многумина дури е повкусна од оригиналната. Бидејќи се приближува Божиќниот пост, но и сите слави кои се паѓаат во декември се посни, отсега одберете рецепт за посна торта со која ќе ги послужите вашите мили гости.




Без разлика што не смеете да јадете одредени состојки, тоа не значи дека не можете да уживате и да се сладите со вкусните десерти, па така, јајцата заменете ги со мед, а обичното млеко со соино, бадемово или оризово. Денес постојат огромен број различни растителни млека кои можете да ги купите во речиси секоја продавница.




Од бројните креативни рецепти за посни торти, ние сепак се одлучивме за посната рефор торта за која имаме неколку верзии, а постапката за подготвување на речиси сите е иста. Се разликуваат во нијанси, прилагодени за сечиј вкус. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (сè вкупно): 600 г мелени ореви, 600 г шеќер, 150 г мед, 17,5 лажици брашно, 150 г посен маргарин, 6 штангли посно чоколадо за готвење, 5 кесички ванилин шеќер, 1,5 чаша газирана вода, 1,5 чаша масло за готвење, 1 кесичка прашок за печиво, 2 кесички пудинг од чоколадо (без варење), 400 мл растително млеко

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за 1 кора, а се печат 2): 3 лажици мед, 6 лажици шеќер, 250 мл вода, 13 лажици брашно, 5 лажици мелени ореви, 1 кесичка прашок за печиво. ЗА ФИЛ: 300 г мелени ореви, 250 г шеќер, 100 мл вода, 200 г чоколадо, 250 г маргарин




ПОСТАПКА (за кора): Помешајте ги оревите (250 г), со медот и шеќерот (250 г), претходно растворени во малку загреана газирана вода, 3 штангли чоколадо (кое исто така, претходно сте го растопиле на пареа), 3 кесички ванилин шеќер, масло, брашно и 1 кесичка прашок за печиво.




Добро соединете си сите состојки во хомогена смеса, излејте во плех обложен со хартија, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути. Кога ќе се испече кората оставете ја да се олади.




ЗА ФИЛ: Помешајте го преостанатиот шеќер со водата, па кратко сварете. Додајте ги преостанатите мелени ореви и 3 штангли чоколадо кои претхо сте ги растопиле на пареа. Кога ќе се свари тргнете на оган и оставете да се олади.




Маргаринот пенасто изматете го и соединете го со оладената смеса, па сето убаво озматете го со миксер. Пудингот кој не се вари (има ознака на амбалажата и се разликува од обичниот по тоа што не се вари) изматете го со растителното млеко и ванилин шеќерот (2 кесички), па додајте го во филот и повторно соединете со миксер.




РЕДЕЊЕ НА ТОРТАТА: Кората исечете ја на три дела, па секој богато филувајте го, а потоа обложете ја и целата торта со преостанатиот фил. Украсете со мелени ореви или рендано чоколадо. Оставете да отстои преку цела ноќ во фрижидер, а најдобро 48 часа пред послужувањето. Постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Постапката за кората е идентична, односно се мешаат медот со шеќерот и се раствораат во топла вода, па се додаваат брашното, мелените ореви и прашокот за печиво, а смесата се пече во плех 35х25 см на 180 степени 25 минути. Филот е исто така сличен на претходниот рецепт:




Помешајте вода и шеќер, па ставете на оган да зоврие. Потоа додајте чоколадо, тргнете од оган и мешајте додека убаво да се растопи, па додајте ги оревите и повторно промешајте. Како што се лади, така смесата се cтега и станува малку сува.

Пенасто изматете го маргаринот, претходно исечен на листови и омекнат на собна температура, па додајте го филот од ореви и заедно изматете ги додека да се соединат. Со овој фил мачкајте ги корите, една врз дpyга, а врз четвртата прелијте чоколадна глазура.

ЗА ГЛАЗУРА: 100 г чоколадо на тивок оган растопете со 2 лажици масло. Оставете ја тортата преку ноќ да отстои за да се поврзат вкусовите. Доколку сакате поcoчни кори, тогаш малку натопете ги со сок, растително млеко или вода.

Претходна статијаЕДНОСТАВНИ ПЛЕСКАВИЦИ ОД ЗЕЛЕНЧУК, ПОВКУСНИ ОД МЕСО: За помалку од половина час направете вкусна вечера