Секогаш организмот суптилно не предупредува, а некогаш ни испраќа и физички, препознатливи знаци за предупредување.

Од исклучителна важност е навремено да се идентификуваат предупредувањата за мозочен удар и да се добие медицинска помош најрано што може, за да се намали ризикот од сериозни оштетувања на мозокот. Тоа може да помогне да се намали ризикот од смрт или инвалидитет и да се подобрат шансите за преживување и закрепнување.

Медицинските експерти велат дека знаците и симптомите може да варираат од едно до друго лице, во зависност од видот на мозочниот удар, делот на мозкот кој е погоден и обемот на оштетувањето. Но, сите тие имаат тенденција да се јават ненадејно.

Најчести симптоми на мозочен удар се:

-чувство на трпнење во некој дел од лицето, рацете или нозете, особено ако е зафатена едната страна на лицето. Се јавува чувство како да нема циркулација во тој дел, како да е одземен екстремитетот, дел од него или целиот.

-губење на концентрација и расеаност, одеднаш често ви се случува да не можете да ја продолжите реченицита, правите пермутација во говорот, ги грешите зборовите и имињата

-имате пореметување во говорот: отежнато и неразбирливо изговарање на зборови или целосна неможност да се изговорат зборовите или цели реченици, неразбирање на говорот кај соговорникот

-нагло замаглување или губиток на видот, особено на едното око или на половина од видното поле

-нагла главоболка која долго трае, повраќање без јасна причина

-вртоглавица, несигурност во одењето

-ненадејни паѓања и губења на свеста без видливи причини.

Предупредувачки знаци пред мозочен удар

На одреден број мозочни удари им претходат “предупредувачки знаци” – минливи симптоми кои одговараат на симптомите од мозочен удар, но траат многу пократко и целосно се повлекуваат за многу кратко време. Затоа речиси никој не им обраќа внимание, бидејќи најчесто траат пократко од 24 часа, а се нарекуваат транзиторни исхемички атаки – TIA.

Луѓето кои имале TIA имаат значително поголем ризик за појава на мозочен удар и затоа кај овие луѓе е потребно да се направи детален невролошки преглед за да се утврдат причините за овие симптоми.

Ако препознаете некој од претходно наведените симптоми, веднаш јавете се на лекар.