Фото и рецепт: Natasa Nicovska

Потпечени питулици (Фото и рецепт: Natasa Nicovska)

За прави кашесто тесто како за палачинки, но само од брашно, вода и сол. Корите се печат во тава питуличарка или во обично тавче за палачинки.
Готовите кори или палачинки се редат на страна.

За преливање:

1 главица лук по желба може и повеќе
2 чаши врела вода
½ чаша врело масло
100-150 г мелени ореви
сол по вкус

Постапка:

Се толчи цела главица лук, а може и повеќе, па во лукот се додава масло и се попарува со врела вода.

Потпечени питулици (Фото и рецепт: Natasa Nicovska)

Секоја палачинка се потопува или се прска со смесата која мора да биде врела. По желба се наросуваат мелени ореви или урда или дробено сирење.

Вака приготвените питулици се редат во намастена и набрашнета тркалезна тепсија и се стваат да се потпечат додека да добијат убава боја. Се сечат на коцки или тријаголници.

Потпечени питулици (Фото и рецепт: Natasa Nicovska)

Потпечени питулици (Фото и рецепт: Natasa Nicovska)

Фото и рецепт: Natasa Nicovska (Makedonska sofra)

Палачинки потпечени со лукче