Лукот е една од најздравите намирници чии чудесни лековити својства се неверојатни за општото здравје на организмот.

Луѓето уште многу одамна го користеле за лекување на бројни здравствени тегоби.

Се смета дека дека старите Египќани кога ги граделе пирамидите на своите робови често им давале да јадат лук за да ги одржат во добра кондиција.

Лукот е главна состојка на стариот тибетански лек чиј рецепт е запишан пред повеќе од 2000 години а подеднакво е ефикасен и денес. Тој е одличен чистач на крвните садови.

Содржи околу 400 активни состојки, а богат е со витамини и минерали како што се аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.

Но, и покрај сите овие лековити својства, сепак не треба да се претерува во консумацијата, а постојат 5 типа на луѓе кои треба да бидат претпазливи:

-Пациенти пред операција

Доколку се подготвувате во скоро време да се подложите на хируршки зафат, се препорачува да не консумирате лук најмалку две седмици претходно, за да не дојде до продолжено крвавење.

-Лица со низок притисок

Оваа чудесна намирница го намалува крвниот притисок, па ако патите од низок притисок, може себеси да си нанесете повеќе штета отколку корист со негова консумација.

-Луѓе кои имаат проблем со црниот дроб

Иако лукот има антибактериско и антивирусно дејство и може да ги елиминира бактериите и вирусите, не треба да се користи во спречување на вирусот хепатитис.

Имено, некои соединенија кои се содржат во лукот може да предизвикаат стимулации во желудникот и цревата, што може да ја инхибира секрецијата на дигестивниот сок во дигестивниот тракт.

На тој начин влијае врз варењето на храната и влошува многу симптоми на хепатитисот, како што е мачнината.

Покрај тоа, некои од неговите компоненти ги намалуваат црвените крвни зрнца и хемоглобинот, што значи дека претераната употреба на лукот може да доведе до анемија.

-Лица кои боледуваат од очни болести

Пациентите кои боледуваат од очни болести, особено оние со лошо здравје, исто така треба да го одбегнуваат лукот.

Традиционалната кинеска медицина предупредува дека редовното консумирање на лукот во големи количини, во подолг временски период може да ги оштети очите и црниот дроб, но исто така и да предизвика губиток на памтењето, зуење во ушите и други здравствени проблеми.

-Луѓе со дијареа

Пациентите кои патат од дијареа треба да го одбегнуваат сировиот лук, бидејќи неговиот состав може да ги стимулира цревата и да доведе до хронично воспаление и влошување на едемот.

Ако пациентот боледувал од дијареа, треба помалку да консумира сиров лук.