Home закуска Домашен леб од тиквички – мек, вкусен и идеален за секоја прилика

Домашен леб од тиквички – мек, вкусен и идеален за секоја прилика

Домашен леб од тиквички – мек, вкусен и идеален за секоја прилика

Лебот од тиквички е одличен избор за оние што сакаат да уживаат во домашен, ароматичен и лесен леб кој може да се служи како појадок, ужина или додаток на главно јадење.

Овој рецепт комбинира свежина на тиквичките со богат вкус на пармезан, создавајќи совршена текстура и неодолив вкус.

Подгответе го овој леб и изненадете ги вашите блиски со уникатен кулинарски специјалитет, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

3 јајца
80 мл сончогледово масло
100 мл млеко
100 г рендан пармезан
200 г бело брашно
8 г инстант квасец
300 г тиквички (рендани)
сол (по вкус)
црн пипер (по вкус)
масло (за премачкување на калапот)
малку брашно (за посипување на калапот)
НМД

Постапка:

1. Тиквичките изрендајте ги и посолете ги лесно. Оставете ги да отстојат 10 минути за да ја пуштат водата, а потоа добро исцедете ги.

2. Во голем сад изматете ги јајцата, додајте го сончогледовото масло и млекото, и мешајте додека смесата не стане хомогена.

3. Во смесата додајте го ренданиот пармезан, исцедените тиквички, сол и црн пипер по вкус.

4. Постепено додајте го брашното и инстант квасецот, мешајќи додека не се формира густа и еднолична смеса.

5. Калапот за леб премачкајте го со путер и посипете го со малку брашно за да не се залепи тестото.

6. Истурете ја подготвената смеса во калапот и рамномерно распоредете ја.

7. Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 40 минути, додека лебот не добие златно-кафеава боја, а чепкалка забодена во средината не излезе сува.

8. Оставете го лебот малку да се излади пред да го извадите од калапот и да го послужите.

Уживајте во овој прекрасен домашен леб од тиквички!