Подобар од купечкиот!

Фото и рецепт: Вишња Вишња

Потребни состојки:

1 пакување готови тенки кори
150 мл вода
50 мл масло
Сол по вкус
500 г сирење

Постапка:

Водата, маслото и солта ставете на оган да зоврие.

Првите две кори ставете ги во тепсија но така што краевите ќе висат надвор. Премачкајте ги со масло и вода. Така редете ги следните кори и секоја исто премачкувајте ја.

Потоа филувајте со сирење и повторно редете кори и секоја прелијте ја.

Кога ќе се потрошат сите кори, тогаш оние првите две што висат преклопете ги одозгора.

Печете на 220 степени околу 30 минути. Кога е печен бурекот превртете го наопаку и исечете го.

Знам дека се признава само бурек со месо, а сето останато со сирење дека е пита или баница, па вие наречете го како сакате. Пријатно јадење!

Фото и рецепт: Вишња Вишња