Најлесен рецепт за подготовка на домашно сирење. Ако имате млеко, не пропуштајте го и направете го според овој одличен рецепт. Првиот рецепт е на Ивана Хорват која го презентираше пред неколку години, а во продолжение можете да го погледнете и рецептот со видеопрезентација на „Мое катче“. Еве што ви е потребно:

рецепт 2

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 литри млеко, 4 јајца, 400 мл слатка павлака и 1 лажица сол

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко (со 2.8% мм или повеќе), 3 јајца, 200 мл обичен јогурт, 1 лажица сол

Фото и рецепт: Ивана Хорват

ПОСТАПКА за рецепт 1: 2 литри млеко се става на оган да се свари.  4 јајца се матат посебно и се додава 400 мл кисела павлака и лажица сол. Кога млекото ќе зоврие полека се додава смесата со јајца и се вари како пудинг со постојано мешање.

Млекото ќе згусне и ќе се одвои сурутката. Мешајте уште неколку минути па процедете низ чиста газа. Со раце малку истискајте ја сурутката и сирењето ставете го во тркалезен калап.

Фото и рецепт: Ивана Хорват

Добро изладете и за еден час веќе можете да го сечете. Уживајте во вкусот! Постапката за вториот рецепт со видеопрезентацијата можете да ја погледнете ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „Најлесен начин да направите домашно сирење без сириште: Едноставен рецепт за домашно сирење од кравјо млеко“ – ОВДЕ.

Најлесен начин да направите домашно сирење без сириште: Едноставен рецепт за домашно сирење од кравјо млеко