Oвесот се вбројува во најздравите житарки наменети подеднакво за сите, и за оние кои се здрави и за оние кои патат од хронични заболувања. Тие се богат извор на микро и макронутриенти. Исто така се богат извор на растителни влакна и затоа се најдобриот оброк наменет за оние кои имаат глутенска интолеранција или целијакија.

Значајно е што ваквата житарица се користи како полнозрнеста. Тоа значи дека сите  нејзини хранливи компоненти можат да бидат внесени во еден оброк.

Овесот се смета за супер храна

Хранливиот состав на овесот е добро балансиран. Тој е добар извор на сложени јаглехидрати и растителни влакна, а можеби е и најмоќниот “фибер”.

Овесот е исто така, еден од подобрите извори на протеини и масти од повеќето житарки. Исклучително богатиот микронутритивен состав, во само една чаша (oколу 80 г) или еден овесен оброк е следен: манган, фосфор, магнезиум, бакар, железо, цинк, витамин В9, витамин В1, витамин В5 – 10, помали концентрации на калциум, калиум, витамин В6 и витамин В3.

Сето ова доаѓа заедно со квалитетниот макронутритивен состав од 50 г jaглехидрати, 13 г протеини и 8 г растителни влакна. При тоа, калориската или енергетска вредност е само 300 калории во еден оброк. Oва го прави овесот нутритивно најгусто пакувана храна што воопшто може да се најде на трпезата.

Овесот содржи висока концентрација на растителни влакна помеѓу кои и оние со најмоќно дејство – бета – глукан растителните влакна. Овесот содржи високи концентрации на бета – глукан.

Бета – глуканот делумно се раствора во вода и формира дебел слој во вид на гел во дигестивниот тракт. Некои од моќните дејства на бета – глуканот се: намалувањето на LDL ”лошиот” холестерол, како и нивото на целокупниот холестерол во кр-вта, намалување на нивото на глукоза во кр-вта, зголемување на чувството на ситост и подобрување на цревнатa микрофлора.

Кардиоваскуларните заболувања се меѓу водечките фактори за смр-тност на глобално ниво. Еден од ризик факторите за развој на ваквите заболувања е зголеменото ниво на холестерол во кр-вта. Затоа овесот е идеалниот оброк со кој ќе го решите овој проблем.

Како што веќе споменавме, овесот е исклучително добар извор на растителните влакна, особено на бета – глукан кој докажано има ефект на намалување на LDL ”лошиот” холестерол и целокупниот холестерол во кр-вта. Оштетувањата на холестеролната молекула најчесто се одвива преку нејзина оксидација со слободните радикали.

Познато е дека борбата со слободните радикали ја преземаат антиоксидантите. Конкретно за оксидацијата на LDL холестеролот молекула, како ефикасен се покажал антиоксидативниот витамин Ц, но во комбинација со антиоксидантите кои се наоѓаат токму во овесот.

Овесот може да помогне во оптимизирањето на нивото на глукоза во кр-вта. Според повеќе студии кој се занимавале со оваа тематика, овесот може да помогне во намалувањето на нивото на шеќер во кр-вта.

Ова особено е случај кај луѓето со прекумерна телесна тежина и оние со дијагностициран дијабетес тип 2. Тој исто така може да помогне во подобрувањето на инсулинската сензитивност. Ова е од особено значење за болните од дијабет тип 2. Ваквото дејство повторно се поврзува со компонентата бета – глукан.

Овесот помага за намалување на телесната тежина

Сите претходно наведени точки наведуваат на намалување на вишокот килограми. Високата концентрација на растителни влакна, присуството на бета – глуканот и неговото дејство врз глукозата во кр-вта, па и дејството врз намалувањето на холестеролот во кр-вта.

Дополнително, бета – глуканот може да поттикне дополнително ослободување на пептид, хормон продуциран во желудникот како резултат на внесената храна. Овој хормон, уште наречен и хормон на ситоста, во студиите се покажал како најзначаен во намалувањето на потребата од внесување на непотребни калории, а со тоа и намалување на вишокот килограми.

Во процесот на слабеење помеѓу најважните компоненти се јавуваат растителните влакна. Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо.

Помеѓу најважните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и перисталтиката на цревата; обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во кр-вта. Сето ова е од особено значење во процесот на слабеење.

Покрај овие помалку познати фактори за слабеењето, значајна е и храната да биде вкусна и полесно да заситува. Овесот ги исполнува и тие услови, особено доколку се јаде со комбинација со вкусно зрело овошје како боровинки, суво грозје, банана, јагоди, праска, а во комбинација со млеко прави совршена здрава комбинација.

Овесот е богат со антиоксиданти и може да помогне при намалување на ризикот од астма кај децата. Овесот е богат со антиоксиданти меѓу кои се полифенолни соединенија, ферулична киселина во значителни количини, како и уникатна група на антиоксиданти наречена авенантрамиди. Авенантрамидите речиси и да не се присутни во некоја друга храна.

Овие уникатни антиоксиданти можат да помогнат во намалувањето на кр-вниот притисок преку поттикнување на продукцијата на азотен моноксид. Азотниот моноскид ја помага дилатацијата или ширењето на кр-вните садови, што води кон подобар проток на кр-вта. Секако, дополнително авенантрамидите имаат антивоспалителен, па и антидерматитски ефект.

Астмата е најчестото хронично заболување кај децата. Како ризик фактор од ова заболување и некои други алергиски заболувања се смета прераното воведување на цврста храна кај бебињата. Но, случајот е токму спротивен кај овесот. Имено, една студија укажува дека хранењето на бебињата под 6 месечна возраст е поврзано со намален ризик од појава на детска астма.

Овесот може да помогне и за здравјето на кожата

Можеби за некого е изненадувачки, но овесот многу често се наоѓа како составна компонента на повеќе продукти за нега на кожата. Во списокот на составни компоненти овесната компонента е означена како колоидален овес. Продуктите за нега на кожа кои се на база на овес, според некои студии можат да помогнат при намалувањето на симптомите на дерматитис.

Може да помогне при превенцијата од рак на дојка

Според студијата објавена во јадењето овес за појадок, помага да се превенира рак на дојка. Поточно, жените кои се во период на предменопауза, а консумираат исхрана богата со хранливи влакна добиени од полни зрна, како овесот, го намалуваат ризикот за развој на канцер на дој-ка за дури 41%. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.