Доколку имате болки во вратот, можеби патите од Цервикален синдром – симптоми и лекување

Цервикален синдром или синдром на вратен ’рбет опфаќа различни состојби, односно видови болка во областа на вратот.

Сличен е на цервикобрахијалниот синдром, но сепак е помалку специфичен од него. Синдром на цервикален ’рбет може да упатува на повреда помеѓу првиот и петтиот прешлен.

Повреда во овој дел од ’рбетот може да предизвика сериозни здравствени состојби: слабост за волева мускулна контракција на едната половина од телото или парализа, тетраплегија и тетрапареза, хемипареза и хемиплегија, хиперрефлексија (зголемен мускулен тонус) или хипотонија (намален мускулен тонус). Но, развојот и појавата на овие болести може да се спречи.

СИМПТОМИ

Голем број здравствени пореметувања, па дури и парализа може да започнат со болки во вратот. Најчести симптоми за цервикален синдром се:

Болки во вратните мускули и прешлени

Главоболки и мигрена

Вртоглавица

Оштетување на видот

Зуење во ушите

Миогелоза

Парестезија (трнење и боцкање)

Хипестезија (зголемена осетливост на допир)

Потешкотии со голтањето

Секој од симптомите, доколку не се лекува, може да предизвика здравствен проблем поголем од главоболка и напнатост во мускулите. Од нив најчесто се развива хронична болка во вратот и рамењата која тешко се лекува.

ПРИЧИНА

Околу 15% од светската популација пати од овој синдром, односно хронична болка во вратот. Но, малку почесто се јавува кај жените отколку кај мажите. Причините се бројни и различни:

Дегенерација на ’рбетот

Недостиг на телесна активност и вежби

Лошо држење

Искривена положба на телото во спиење

Ненадејни повреди

Операција на ’рбетот

Тумори

Окостување или остеофити

Спондилоза

Повреда на дискот во вратниот прешлен или

Психолошки стрес

Токму психолошкиот стрес се смета за еден од главните виновници за напнатост во областа на рамењата и вратот. Континуираниот стрес има негативен ефект врз мускулниот тонус кој влијае врз самото држење на главата и телото. Вратот е особено ранлив, бидејќи содржи бројни нервни гранки, слично како и во лумбалниот дел.

Седентарниот начин на живот дополнително го зголемува притисокот на нервите и прешлените па предизвикува проблеми кои прогресивно се зголемуваат. Освен на мускулите и коските, проблемите може да се прошират и на кардиоваскуларниот систем.

Што да направите доколку чувствувате напнатост во вратот?

Една од најдобрите методи за лекување на оваа состојба се состои од прилагодување на вашата работна околина, со тоа што ќе си овозможите исправено држење на телото во било која ситуација. Избегнувајте нагло и брзо движење на главата и вратот!

Периодични прекини на работата насочени кон движење и зголемување на телесната активност – би требало да станат рутина на вашата работа. Ако долго време патите од напнатост во вратот пожелно е редовно да правите истегнување и вежби за јакнење на грбните мускули.

Се препорачува и пливање, водена гимнастика, трчање, нордиско одење и скијачко трчање зимно време.

Техниките за релаксација како што е автогениот тренинг или прогресивниот метод за опуштање на мускулите според Јакобсон се исто така одличен начин за елиминација на постоечките проблеми со цервикалниот ’рбет.

Претходна статијаЗаболените од рак ги опишаа првите симптоми кои ги имале, а кои често се заменуваат со други болести
Следна статијаКолач со вкус на баклава – сите состојки се мешаат и се пече