Вакцините против kopoна вирусот имаат висок процент на делотворност, но поради некои нуспојави кај луѓето се јави несигурност. Еве какво објаснување даваат експертите:

Моментно постојат неколку различни вакцини против kopoна вирусот кои се во фаза на клиничко испитување – проценка за нивната безбедност и делотворност.

Голем број фармацевтски куќи веќе ги објавуваат прелиминарните бројки, како што на пример, дека делотворноста на Фајзеровата и Бионтек вакцината е 94%.

Статистиката е слична и кај другите производители како што се Модерна и руската вакцина Спутник V. од друга страна, веќе со денови читаме за појавата на некои несакани ефекти и алергии кај учесниците од испитувањето.

ШТО ЗНАЧИ БЕЗБЕДНО? Очекувањето дека секоја вакцина и секој лек се АПСОЛУТНО безбедни, е потполно нереално, и таков лек ниту вакцина НЕ ПОСТОЈАТ.

На пример, во случајот со вакцината за грип, која е одобрена и веќе со децении се користи, несанаите ефекти кои се јавуваат, во зависност од возраста, се следните:

-болка на инјектираното место, кај 33,4% од случаите; црвенило на инјекционото место, кај 18,1% од случаите, малаксаност, кај 17% од случаите; грозница, кај 15,2% од случаите, зголемена телесна температура, кај 5-12% од случаите; потоа се наведени и анафилактичен шок, Гијан-бареов синдром, окуло-респираторен синдром и други…

Последните три, сериозни несакани ефекти се јавуваат многу ретко, но сепак има и такви забележани случаи. Но, вакцината и натаму се дава, бидејќи не постои идеална, апсолутно безбедна вакцина.

НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОВИТЕ – Случајот е ист и кога станува збор за лековите. Сите знаеме дека хемиотерапијата предизвикува тешки несакани ефекти, и тоа кај повеќето пациенти – губиток на коса, анемија, генерализирана слабост, инфертилност.

Но, тоа се токму состојби во кои буквално се вага помеѓу ефективноста и ризикот – во корист на тоа дека давањето на хемиотерапија е вредно на ризикот наспроти уми-рањето од рак.

Хемиотерапијата не е единствениот пример, статините кај 10% од луѓето може да предизвикаат болки поради разградба на мускулното ткиво, а некои лекови против болка можат да предизвикаат кр-вавење во желудникот…

Доколку го прочитате упатството за користење на лекот, во апсолутно секое ќе пронајдете дел во кој се наведуваат потенцијалните несакани дејства.

Статистиката се добива со тестирање на одреден број луѓе и според тоа колку луѓе на 1000, на 20.000 или на 50.000 кои се тестирале, се јавиле несаканите ефекти. Па така, тие се делат на чести, ретки, многу ретки…

Секако, не се сите несакани ефекти исти – некои оставаат последици, а некои поминуваат спонтано за неколку денови, некои се незабележливи, а некои живото-загрозувачки.

Статистиката и бројките значи, не се клучни во одлуката дали некој препарат, вакцина или лек ќе се одобри за користење, туку се зема во предвид односот на корисноста од тој препарат наспроти тие ризици.

Единствената разлика е тоа што вакцините им се даваат на здрави луѓе, за разлика од лековите, па во тој случај мора многу повеќе да се води сметка.

Што се однесува до вакцините против kopoна, засега, со овој број на тестирани, сите несакани реакции биле без последици. А што значи вакцината да биде делотворна во 94% од случаите?

Во фазите на испитување, просечно гледано, бројот 94 значи дека од вкупно 100 испитаници кои ја добиле вакцината, од нив шесторица се заразиле со kopoна, односно развиле симптоми на koвид 19.

И овде треба да се разликуваат два термини – ЕФЕКТНОСТ/ДЕЛОТВОРНОСТ на вакцината и ЕФЕКТИВНОСТ на вакцината. Ефектност е проценка на заштитата која статистички ја дава вакцината, гледано во групата на која и се дава вакцината наспроти групата која е невакцинирана.

Меѓутоа ефективноста на вакцината не зависи само од квалитетот на самата вакцина, туку и од многу други фактори, како што се возраст, комбинирани болести, состојба на организмот, претходна вакцинација, како и веќе споменатата појава на несакани реакции.

ИМУНИТЕТ ПОСЛЕ ВАКЦИНАЦИЈАТА – Кај вакцините е многу важен параметрот колку долго трае имунитетот после вакцинацијата, што е податок кој сè уште не можеме да го имаме. Тоа се параметри кои постојано се следат во реално време и како за сите други лекови, константно се пријавуваат во надлежната служба која сите податоци ги обработува.

Правата слика за ефективноста на вакцината ќе можеме да ја видиме дури за неколку години. Како заклучок, наведуваат експертите, може да напоменеме дека ефективноста на вакцината против грип – инфлуенцата, односно намалениот ризик од појава на ова заболување е “само” 40 до 60%.