Денес го славиме споменот на Светиот свештеномаченик Автоном

Мнозина болни добија здравје од светите мошти на овој светец.

Денес се верува дека молитвата на Светиот свештеномаченик Автоном носи здравје и напредок на секое семејство, па треба да му се помолите. По молитвата, преданието вели дека треба да замислите желба која сакате да ви се исполни, а светецот ќе ви ја исполни.

“Во времето на гонењето на Диоклецијан пребегна од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на светиот Архангел Михаил.

Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, а потоа и за епископ.

Недалеку од градот Сореос беше местото Лимна, населено само со незнабошци.

Свети Автоном отиде во тоа место и набргу многумина ги просвети со Христовото Евангелие.

Тоа ги озлоби незнабошците и тие еден ден јурнаа во црквата на светиот Архангел Михаил во Сореос и за време на богослужбата го убија Автоном во олтарот, а убија и многумина други христијани во храмот.

Во времето на царот Константин, на гробот на свети Автоном подигна храм некој царски големец Севиријан.

Двесте години после својата смрт, свети Автоном му се јави на еден војник по име Јован.

Тој Јован ги откопа моштите на светителот и ги најде сосема нетлени.

И мнозина болни добија здравје од светите мошти. Така, Бог го прослави оној кој Него Го прославуваше за време на животот на земјата.

Otdanije (leave-taking) of the Feast of the Birth of the Mother of God.
The Holy Bishop-Martyr Autonomous.

During Diocletian’s persecution, Autonomus left Italy for Asian Bithynia, for a place called Soreoi. There, he converted many to Christianity, and built a church for them dedicated to the holy Archangel Michael.

Autonomus lived in the home of a devout Christian, Cornelius, whom he first ordained as a presbyter, and then consecrated to the episcopacy.

Not far from Soreoi there was a place called Limnae, inhabited entirely by pagans. St. Autonomus went to this place and soon enlightened many with the Gospel of Christ.

This embittered the pagans, and one day they rushed into the Church of the Holy Archangel Michael in Soreoi during the divine service and slew Autonomus in the sanctuary, and killed many other Christians in the church.

During the reign of the Emperor Constantine, Severian, a royal nobleman, built a church over the tomb of St. Autonomus. Two hundred years after his death, St. Autonomus appeared to a soldier named John.

John exhumed the relics of the saint and found them to be completely incorrupt, and many who were sick received healing from Autonomus’s relics. Thus, God glorifies the one who glorified Him while living in the flesh.

Loading...