Не заборавајте на слезината – еве како да ја заштитите зимно време!

Слезината е најранливиот абдоминален орган и најголем лимфен орган кој помага во одбранбените функции на организмот како место на умножување на лимфоцитите, бели крвни клетки, како и место за имуносен надзор.

Во традиционалната кинеска медицина се нарекува „дигестивен оган“ и за нејзино добро функционирање во организмот во текот на зимата, треба да се внесуваат намирници со загревачко својство.

Слезината примарно учествува во отстранување и уништување на истрошените црвени крвени зрнца и повредени тромбоцити, како и во рециклирање на железото.

Иако е многу мал орган, сепак служи како резервоар на крв, бидејќи содржи црвени крвни клетки и тромбоцити, а во ограничена количина може да послужи како „автотрансфузија“ во случај на траума предизвикана со крвавење.

И покрај величината и бројните корисни и важни функции кои ги извршува, слезината не е витален орган, што значи дека не е потребна за одржување на животот. Во случаи кога тоа е неопходно, може да биде хируршки отстранета.

За нејзино добро функционирање зимно време е многу важно:

1.Одбегнување на големи количини сирова храна или многу студени намирници и напитоци како оние од фрижидер, кои го убиваат „дигестивниот оган“.

Чајот после оброк ќе помогне за подобра дигестија, а намирници кои особено добро влијаат врз функцијата на слезината се: урми, суво грозје, круши, јаболка, краставица, морков, диња, житарици, мед, анис и цимет.

2.Одбегнување на шеќер и масти

Преголема количина на шеќер го оптеретува панкреасот, а исто така, штетно делува и врз слезината. Треба да се одбегнува масна храна, алкохол, брзо разградиви шеќери и премногу млечни производи.

3.Не ги прескокнувајте оброците

На слезината многу лошо влијаат нередовните оброци. Многу тешко функционира доколку се прескокне појадокот, се изеде премногу за ручек или многу доцна ја консумираме вечерата.

4.Во исхраната вклучете интегрални житарици и зеленчук

Интегралните житарици и зеленчукот во умерени количини претставуваат потребно „гориво“ за слезината.

Оризот, житариците, квиноа, просо, хељда, леќа, грав, наут и други мешунки може секојдневно да се консумираат, но во помали колични, а со нив може да се изеде обилна количина зеленчук со парчиња месо или помала количина на риба.

Кога станува збор за зеленчукот, најдобро е да се консумира она со жолта или портокалова боја, како што се морков, тиква, пашканат, батат и компир.

5.Физичка активност

И покрај складната храна, слезината може да биде преоптеретена поради недостиг на физичка активност, стрес, болести или премногу влажна клима, па нема потреба од посебно истакнување дека редовната физичка активност е исклучително важна.