Овој голем Божји Архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение.

Денеска е Свети Архангел Гаврил, во народот овој празник е познат и како летен Архангел, а за него се врзуваат и многубројни обичаи. Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога.

Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој Архангел во една ќелија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. Заради овој настан таа ќелија и денес се нарекува ќелијата „Достојно ест“.

Во оваа прилика се приспомнуваат и останатите јавувања на Архангелот Гавриил: кога му се јави на Мојсеја кој во свое време го чуваше стадото Јоторово, а нему Архангелот како на Божји избраник му соопшти како е создаден светот, кое Мојсеј подоцна и го запиша во Книгата Битие;

кога му се јави на пророкот Даниил и му ја објави тајната за идните царства и за доаѓањето на Спасителот; јавувањето на света Ана кога ѝ благовестеше со ветувањето дека ќе ја роди преблагословената и Пречиста Дева Марија; многукратното јавување на Пресветата Дева додека Таа пребиваше во храмот ерусалимски;

кога му се јави на првосвештеникот Захарија и го извести за раѓањето на свети Јован Претеча и за казната на немост што ќе го постигне свети Захарија затоа што не им поверува на зборовите на Архангелот; кога повторно ѝ се јави на Пресветата Дева во Назарет и ѝ благовестеше за зачнувањето и раѓањето на Господ Исус Христос;

јавувањето на праведниот Јосиф; јавувањето на пастирите кај Витлеем; Му се јави и на Самиот Господ во Гетсиманската градина, кога Господ како човек беше поткрепуван од овој Архангел пред страдањето; кога им се јави на жените Мироносици итн

Верувања за празникот Архангел Летен

Се верува дека на денот на Свети Архангел Гаврил треба да се одмори и дека не треба да се работи за себе или за пари, но и дека ова е најдобро време за отпочнување на каква било доброволна работа.

Треба да споделуваме сè што имаме со блиските бидејќи ова е празник на споделувањето. Потрудете се да направите некое добро дело, па дури и некое симболично. Нема да ве чини ништо, а светецот ќе ви помогне да ви се промени животот.

Св. Архангел е посветен на доброто и давањето, па така и луѓето треба да се сетат на своите блиски како и на оние кои имаат помалку од нив.

Свети Aрхангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение, како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот. А на 26-ти јули, црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето се до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за прв пат востановен во деветтиот век на Света Гора Атонска.

Именден празнуваат: Гаврил, Габриела и др.

Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој архангел во една келија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. Заради овој настан таа келија и денес се нарекува келијата „Достојно ест“.

Во Библиските преданија понекогаш го среќаваме и како ангел на смртта или Божји гласник. Според една подоцнежна легенда, тој е и неименуваниот ангел во Откровението кој дува во труба за да го најави Судниот Ден.

Во Македонија, во еднокорабниот храм над селото Горбиново (Курбиново), изграден во 12 век во 1191 година се наоѓа светски познатата олтарна фреска на Синиот Ангел (Архангел Гаврил) според мислењето на врвни историчари на уметноста е прапочетокот на европската сликарска ренесанса, дури два века пред пионерите, италијанските ренесансни мајстори Џото и Фра Анџелико.