Состојбата денес се разбира дека не може да се спореди со онаа некогаш, кога одморот за целото семејство беше настан кој сите со душа го чекаа.

Интересно е да се спомене дека идејата за летниот хедонизам не беше сеприсутна сè до 60-тите години, кога власта го мотивираше работничкиот свет малку да се активира, да земе одн+мор и да го помине на Јадранско море.

И додека странските и далечни дестинации и натаму за многумина остануваа недостижни, сепак домашните во тие 60-ти започнаа да се претставуваат преку споредби со Кан, Сен Тропе и Монте Карло.

И додека дел од младината за време на летните празници одеа на младински работни акции, државата ги испраќаше децата на послабоимотните родители на одмор на Јадранско море.

Во продолжение погледнете неколку фотографии од тоа време и една видео снимка која можеби ќе ве врати во сеќавањата на некогашното време.

Едно британско семејство во 1978 година било на летување во Југославија. Она што тогаш го снимале, денес е неверојатна трага на минатото.