Д-р Златко Бокун, хирург и инструктор по лапароскопска хирургија објаснува каков е животот без жолчно ќесе. Овој орган има облик на круша и се наоѓа на долната површина од црниот дроб и служи како резервоар на жолчката (течност) чија улога е варење на мастите.

Кога во организмот ќе се внесе масна храна, тогаш жолчното ќесе ја испушта вишокот жолчка која ја чува за да го помогне варењето. Со оглед на тоа што не е витален орган, животот без жолчно ќесе не претставува медицински проблем и луѓето можат да имаат нормален живот.

Меѓутоа, пациентите на кои им е отстрането, мора да се прилагодат на новиот начин на живот, објаснува за еКлиника д-р Златко Бокун, специјалист по ошта хирургија и инструктор по лапароскопска хирургија. Најчестиот проблем кој настанува со жолчното ќесе е појава на камења (калкулоза на жолчното ќесе).

Проблеми и индикации за отстранување. Исто така, во него може да се создадат полипи (полупоза) или израстоци кои во некои случаи може да преминат во канцерогено заболување. И двата проблеми се индикација за отстранување на жолчното ќесе кое може да се изведе на два начини:

Еден е таканаречен отворен начин со рез на стома-кот, кој се наоѓа под десниот ребрен лак, а вториот начин е понов и помодерен, поедноставен, кој кај нас се изведува веќе 20 години, а тоа е лапароскопскиот метод – објаснува доктор Златко Бокун.

Д-р Бокун токму за овој метод се усовршил во Италија, кај познат светски хирург и еден од пионерите на лапароскопската хирургија проф. д-р Џуста Пињате. Двете методи се сведуваат на целосно отстранување, бидејќи жолчната ќеса која создава камења е орган кој е болен и повеќе не ја обавува својата функција.

Оперативни методи за отстранување на жолчна ќеса. Лапароскопскиот метод е сè попопуларен поради удобноста и минималната инвазивност, препорачан од Светската здравствена организација (СЗО), поедноставен, попрактичен, го растеретува здравствениот систем, бидејќи пациентите пократко се задржуваат во болница и закрепнувањето им е неспоредливо побрзо.

Во лапароскопијата и резовите се минимални, интервенцијата се изведува преку три или четири у-бод-ни точки. Преку една од нив се извлекува жолчното чесе, обично низ папокот. Покрај одредени мерки на внимание, пациентот веќе после една недела може да се врати на полесни физички активности – ги појаснува предностите на овој оперативен зафат д-р Бокун потпирајќи се на повеќегодишното искуство како лапароскопски хирург и инструктор на овој метод.

За разлика од лапароскопијата, отворениот опе-ра-тивен метод бара голем рез на сто-макот, што сам по себе подразбира тра-ума, носи поголем ри-зик од создавање на ин-фек-ција, како и создавање на пост-опе-ративна кила во пределот на ра-ната. Во одреден број случаи поради некои претходни интервенции, дебелина или други околности за кои одлучува хирургот, опе-ративниот избор мора да биде отворена опе-ра-ција, вели д-р Бокун.

ПОСТОПЕ-РАТИВЕН ПЕРИОД. Доколку пациентот е лапароскопски опе-ри-ран, си оди дома веќе следниот ден, а она што се препорачува во тој непосреден постопе-ративен период во рок од првата недела до две е првенствено полесна исхрана, односно задолжителен “хигиенски диететски ре-жим” додека организмот да се “навикне” односно да “сфати” дека повеќе нема жолчно ќесе – објаснува докторот.

Што се однесува до физичката активност, д-р Бокун советува пауза од траење до месец дена. Во тој период би требало да се одбегнува спортување, долги прошетки како и долго возење со автомобил, бидејќи наглото закочување може да доведе до создавање на кила на некои од резовите.

Кај отворената опе-ра-ција, закрепнувањето е значително подолго, а препорачаната поштеда од интензивна физичка активност е три до четири месеци. Местото на резот е слаба точка на тој дел од стомачниот ѕид и секогаш е ризично за евентуални компли-кации, додава докторот.

ИСХРАНА. Д-р Бокун вели дека животот без жолчна ќеса би требало да биде сосем нормален и без тегоби, а негов важен сегмент е балансирана исхрана. Во првата недела без разлика на типот на интер-вен-цијата, пациентите би требало да јадат готвена или пасирана храна: варен зеленчук, варено бело месо, печени јаболка, благи чаеви.

Воведувањето на други намирници треба да биде постепено и секако треба да се обрати внимание на количината на храна која се внесува. После операцијата може да се јават зачесетни столици, па би требало да се одбегнуваат црвено месо, млеко и млечни производи, да не се внесуваат масни оброци, храна од пекарница, пржена храна и слатки.

Трајно треба да се одбегнуваат масни печива, сланина, колбаси и пржено месо, пржени јајца, масни сирења, павлака, слатки кои содржат путер, чоколадо со ореви и други јатки, силни зачини, оцет и мајонез – советува докто Златко Бокун.

Исто така, докторот предупредува на опас-ното и погрешно однесување, кое во праксата се среќава често, а тоа е дека пациентите, без разлика на препораките, откако ќе им се отстрани жолчното ќесе и кога ќе исчезнат тегобите кои претходно ги имале (мачнина, бо-лки, грчеви, чувство на гадење, повра-ќање, неподнесување на одредена храна, особено јајца), тие се опуштаат и започнуваат да внесуваат поголема количина храна, дури и прекумерно, па се здебелуваат.

Животот без жолчно ќесе не претставува медицински проблем, бидејќи тоа не е витален орган. Самата еволуција и начинот на живот го направиле овој орган да биде “вишок”, поточно, овој орган не го користиме веќе во таа мера во која се користел кога сме биле на пониско еволуционо ниво.

Освен помали тегоби кои можат да се појават а кои се јавуваат главно доколку пациентите не се придржуваат кон советите на лекарите за препорачаниот ре-жим на исхрана, животот без жолчна ќеса е главно совршено нормален, заклучува докторот.