Д-р Томиќ за аортна аневризма: Како настанува болеста која е полоша и од срцев удар

Аневризма претставува проширување на артерија, кое настанува поради последица од слабост на ѕидот на кр-вниот сад. Аневризмите можат да настанат на сите артерии, но најчесто настануваат на аортата.

Доктор и Началник на Клиниката за васкуларна и ендоваскуларна хирургија открива како да ја препознаете аневризмата, особено ако дошло до нејзино пу-кање.

„Аортата е најголем кр-вен сад во телото, а кр-вта ја одведува од срцето кон органите и ткивата. На својот пат после излегувањето од срцето, аортата се дели на гранки кои водат кон главата и мозокот, а потоа и за рацете.

Во градниот кош се дели на меѓуребрени артерии, а по преминот низ дијафрагмата се дели на гранки за стомачните органи: желудник, црн дроб, слезина, панкреас, црева и бубрези.

Кога аортата ќе навлезе во лумбалниот, односно слабинскиот дел, се дели на две гранки, секоја за по една од нозете. Од ова се гледа дека аортата ги снабрдува со к-рв сите органи и ткива. Болестите на аортата придонесуваат кон дисфункција на сите органи и влијае врз организмот во целина”, вели професорот д-р Александар Томиќ.

д-р Александар Томиќ

Што е аневризма и каде може да се појави?

Кога кр-вниот сад – артеријата, ќе ја зголеми широчината за повеќе од 50% од нормалното, тогаш говориме за постоење на аневризма. Нејзина начеста локација е во стомачниот дел каде нормално пречникот на аортата изнесува од 16 до 20 мм.

Кога пречникот ќе надмине 30 мм тогаш говориме за почетен стадиум на аневризма на абдоминалната аорта. Ова проширување на аортата настанува постепено и трае со години. Особено загрижува порастот на пречникот од 5 мм годишно кога честопати брзо се одлучуваме за опера-тивно лекување.

Почесто ги погодува мажите, но во последно време и жените доста заболуваат. Старосната возраст на пациентите е обично во седмата деценија и подоцна, но сè почесто имаме пациенти и на 50 годишна возраст.

 

Што е причина за појава на аневризма?

Болеста која ги зафаќа артериите, а со тоа и аортата, а се нарекува атеросклероза. Таа претставува деструк-ција на ѕидот од кр-вниот сад со таложење на масти и калциум во ѕидот на артеријата со што доаѓа до создавање на атеромска плака.

Тоа се манифестира со слабеење на ѕидот кога поради висок притисок доаѓа до ширење на аортата, т.е. создавање на аневризма. Овој процес може да доведе и до стеснување и затнување на артеријата, што има тешки последици во вид на пропаѓање на целни органи.

Затнувањето на вратните артерии доведува до шлог и ин-фаркт на мозокот, а затнувањето на артериите за бубрезите доведува до бубрежна инсуфициенција. Затнувањето на аортите и нејзините гранки за нозе доведува до ганг-рена на стапалата и потколениците.

Дали постојат некакви симптоми кои би укажале на тоа дека имаме аневризма во некој кр-вен сад?

Симптомите кои пациентите ги чувствуваат обично се незначителни и главно аневризмата (на абдоминалната аорта на пр.) се дијагностицира како пропратен наод, дури кога пациентот ќе отиде на преглед на стомакот или поради некоја друга болест.

Ако има симптоми, т.е. болки околу папокот повеќе накај лево, тогаш можете да препоставиме дека постои аневризма со поголеми димензии. Кога аневризмата ќе го надмине пречникот повеќе од 6 см, тогаш сметаме дека оваа величина претставува ур-гентна состојба која бара брзо лекување.

Најдобро би било аневризмата да се лекува кога нема симптоми, со планирана опера-ција. Опера-тивното лекување подразбира замена на заболениот дел од аортата со синтетски графт, плетено црево од материјали слични на тефлонот кои се отпорни на истегање.

Заболената аорта се се-че и на местото на заболениот сегмент се вградува споменатата протеза. Исто така, постои најсовремено ендоваскуларно лекување на аневризма – ЕВАР со вметнување на специјално дизајнирани тефлонски графтови низ кр-вните садови во пре-поните.

Оваа процедура е далеку покомфорна за самиот пациент, но нејзината ефикаснот ќе се покаже и процени дури во иднина. Исто така, оваа процедура е значително поскапа од класичната опера-ција, што е дополнителен ограничувачки фактор.

Во развиените земји повеќето абдоминални аневризми се третираат со овој метод. Се надевам дека во скорешна иднина ќе можеме да го зголемиме овој број на ендоваскуларни процедури.

Кои се последиците од пу-кање на аневризмата и како пациентот го препознава пу-кањето?

Ако не се преземе навреме опера-тивното лекување и аневризмата премине пречник над 6 см, значително се зголемува ризикот од пу-кање на аневризмата.

Доколку таа пу-кне во стомачната празнина, ќе се излие голема количина на к-рв. Ако пациентот итно не се опе-рира, ќе искр-вави и ќе дојде до с-мртен исход. Речиси по правило на пу-кањето и претходи силна б олка во стомакот, т.е во проекција на аневризмата.

После пу-кањето б олката полека попушта, бидејќи повеќе нема притисок во стомакот, а на пациентот му се заканува хиповолемиски ш-ок кој настанува поради кр-вавењето.

Често, откако аневризмата ќе пу-кне, постои еден мал интервал од неколку минути до неколку часови кога е потребно што поскоро да се стигне во васкуларна хирур-шка установа, каде оваа состојба може да се препознае и итно хирур-шки да се лекува.

Неопходно е да се утврди местото каде аортата пу-кнала за да се постават васкуларни инструменти кои спречуваат кр-вавење. За жал, успехот на опера-цијата кога веќе е пу-кната аневризмата е драстично послаб од успехот кога се опе-рира плански.

Која е вистинската превенција?

За да не дојде до оваа ситуација, ви требало да се преземат некои мерки кои подразбираат редовни прегледи кај васкуларен хирург и ултразвучен преглед на абдоменот кој луѓето после својата 50-та треба да го прават најмалку на две години.

Кога еднаш ќе се дијагностицира, растот на аневризмате се следи со редовни едногодишни прегледи со ултразвук или скенер. Ако се забележи брз раст, на контролите од 6 месеци, веројатноста од пу-кање е голема и мора да се примени опера-тивно лекување.

Ако нема раст и аневризмот „стои”, доволно е еднаш годишно да се контролираат димензиите со ултразвучен преглед. Секако, општите ризици кои значително придонесуваат кон раст на аневризмата се пу-шење, хиперлипидемија, дебелина, слаба физичка активност и др.

Лекови кои се користат во лекување на аневризми кои сè уште не се за опера-ција се ацетилсалицилна киселина, лекови за регулација на нивоата на мастите, антихипертензиви и др.

Loading...