Ова се корисни информации кои ќе ви помогнат да дознааете со каква исхрана и начин на живеење би можеле да спречите некои болести.

Со долгогодишно истражување научниците и лекарите дојдоа до некои заклучоци поврзани со крвната група, кои укажуваат на ризиците од болести и нивната навремена превенција.

Проблем со памтењето

Како што пишува списанието Neurology лицата со крвна група АБ имаат зголемен ризик од когнитивни оштетувања. Тоа особено се однесува на повозрасната група луѓе, кои како стареат се потешко запамтуваат и учат.

-Знаеме дека крвната група АБ одредува ефекти важни за згрутчување и протеини во крвта- објаснува коавторот на студијата Мери Кашман за списанието Prevention, инаку професор по медицина и патологија на Универзитетот во Вермонт. Додава, дека оваа состојба може да се објасни, бидејќи луѓето со АБ крвна група се склони кон проблеми со памтењето, но сеуште не е точно познато зошто тоа се случува.

Друг проблем поврзан со оваа крвна група е ракот на желудник. Лицата со АБ крвна група имаат дури 26% поголема шанса да заболат од оваа злокобна болест за разлика оние со 0 или Б крвна група.

American Journal of Epidemiology пишува дека причината е бактеријата Helicobacter pylori, а лицата со АБ крвна група потешко се изборуваат со неа.

Чиреви

Додека споменатата бактерија кај луѓето со АБ крвна група може да доведе до рак на желудникот, лицата со 0 имаат зголемен ризик да добијат чир на желудникот. 0- крвната група некако го модифицира имуниот систем кога ќе го напардне бактеријата Helicobacter pylori, а научниците сеуште немаат откриено на кој начин.

Болести на срцето

Во овј случај лицата со 0 крвна група се во предност над другите типови за дури 23%, заклучува едно истражување од престижниот Универзитет Харвард.

Лицата со крвна група АБ и Б се со најголем ризик за болести на срцето, покажала нивната студија. Авторите велат дека одредени крвни групи се поврзани со повисоки стапки за воспаленија, со што делумно се објаснува и оваа поврзаност со болестите на срцето.

Рак на панкреас

Иако тоа не е намера на истражувањето, уште еднаш се покажала предноста на 0 крвната група. За разлика од останатите групи, 0 групата има 37% помал ризик да добие рак на панкреас, кога ќе се спореди со останатите. Така тврди истражувањето од Journal of the National Cancer Institute.

И овојпат научниците го поврзаа случајот со бактеријата Helicobacter pylori.

Тие исто така нагласуваат дека не е целосно јасно колкава е улогата на крвните групи за поедини болести, иако дефинитивно постои поврзаност.