БРЗИ ПИРОШКИ ОД ЛЕБ…Совршени за кога немате време, а ви се најавиле гости…Овој трик е спас за секоја домаќинка…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
12-14 тенки парчиња леб
За фил:
1 чаша рендан кашкавал
1 чаша ситно сирење
малку магдонос, чили
За похување:
3 јајца
1 лажица млеко
сол, црн пипер
лебни трошки
ПОСТАПКА:
Отсечете им ги краевите на парчињата леб и со оклагија истенчете ги. Сосем кратко потопете ги сите 4 краја во сад со вода (за да може да се залепат при виткањето). Во средината ставете фил и свиткајте ролничка.
Со прстите затворете ги краевите. Пирошките од леб прво потопувајте ги јајца зачинети по вкус, а потоа во лебни трошки, па пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ: