БРЗА ПИТА СО УРДА…Тестото е без квасец…се пече во тава, а има вкус како бурек…Крцкаво и многу вкусно… Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):

За тесто:
1,5 чаши топла вода
1 лажица путер на собна температура
1 лажичка прашок за печиво
1 лажичка сол
4 чаши брашно

За фил:
ситно сирење или урда
сечкан млад кромид
150 г путер за премачкување

ПОСТАПКА:

1.Водата и омекнатиот путер на собна температура убаво се мешаат.

2.Постепено се додаваат брашно, прашок за печиво и сол и се замесува меко, но нелепливо тесто. Месете го 5-6 минути.

3.Направете 8 еднакви парчиња тесто, ставете ги во набрашнета чинија, покријте ги со кесичка и оставете ги да одморат 10 минути.

4.За фил: измешајте урда и ситно сечкан млад кромид. Растопете го путерот и оставете го настрана.

5.Откако ќе се одморат топчињата тесто, едно по едно развлечете ги во тенки големи кори, колку што можете потенки, а притоа посипувајте брашно по потреба за да не ви лепи.

6.Врз целата кора премачкајте со растопен путер, па распоредете фил и преклопете ги спротивните рабови кои се преклопуваат еден со друг.

На секоја нова површина се нанесува маснотија, па другите спротивни рабови се затвораат еден врз друг и се обликуваат во квадрат. Сите топчиња се подготвуваат на ист начин.

7.Сипете масло во тавата (0.5 см -1 см длабочиња) и загрејте го на умерена температура. Ставете ги питичките да се пржат, но не ја преполнувајте тавата.

Додека се пржат, со лажица преливајте ги со маслото од тавата. Постапката погледнете ја ОВДЕ.