БРЗА И ЕКОНОМИЧНА ПИТА: Турски специјалитет за „чистка“ на фрижидерот – вкусно чудо кое се јаде за 5 минути

Овојпат ви откриваме рецепт за малку поинаква пита од оние на кои имате навикнато. Овој рецепт ќе ве воодушеви, бидејќи питата не само што е брза и едноставна за приготвување, туку е многу вкусна и пред сè здрава.




Ова е одличен начин да им понудите на вашите деца разновиден зеленчук, па питата можете да ја послужите за појадок, вечера, но и како главен оброк со чаша јогурт или кисело млеко. Рецептот го презентираше една турска домаќинка, а питата сите ги воодушеви. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 поголеми компири, 2 домати, 3 зелени пиперки, 2 млади кромидчиња, 4 јајца, 1 лажичка сол, 100 г фета сирење или некое друго, 1 чаша масло (од 200 мл), 1,5 чаша млеко, 3,5 чаши брашно, 2 кесички прашок за печиво. Питата се излева во тепсија или калап со пречник од 32 см.




ПОСТАПКА: Најпрво подгответе го зеленчукот. Сите потребни намирници измијте ги убаво под млаз ладна вода. Компирите излупете ги (и повторно исплакнете ги), а потоа колку што можете поситно исечкјате ги на коцкички. Можете и да ги изрендате, но на овој начин питата добива поубава текстура.




Доматите можете да ги излупите, но ако нивната лушпа ни ви создава проблем со стомакот, и не мора. Најлесно се лупат доколку претходно ги зесечете од задната страна во вид на крстче, па ги ставите една минута во врела вода, а потоа да ги префрлите во сад со многу ладна вода, во која сте додале и неколку коцки мраз.




Доматите, пиперките, кромитчињата, сирењето…сите исечкјате ги ситно, на коцкички, исто како и компирите претходно. По желба, секако можете да додадете и некој зеленчук по ваш избор, односно да направите „чистка“ од фрижидерот. Потоа во еден подлабок сад скршете ги јајцата.




Изматете ги енергично со виљушка или жица-маталка, па додајте ги сиот сечкан зеленчук. Посолете и зачинете по вкус, додајте го маслото, млекото и убаво промешајте. Потоа постепено започнете да го додавате брашното помешано со прашок за печиво.




Добро соединете ги состојките за да се добие изедначена смеса, без грутчиња од брашното. Калапот/тепсијата со пречник од 32 центиметри или приближно, намастете ја убаво со путер, па излејте ја приготвената смеса и рамномерно израмнете (и малку протресете).




Одозгора наросете малку рендан кашкавал. Вака приготвената пита преостанува само уште да ја испечете. Ставете ја во претходно загреана рерна на 200 степени и печете ја околу 30-35 минути минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаОВАА ТОРТА НЕ ДОЧЕКУВА ВТОР ДЕН: Неспоредлива комбинација од вкусови со 6 јајца
Следна статијаЗИМСКИ СОК: Природен мултивитамински сок кој има рок до 6 месеци, дечињата просто го обожаваат