Кога го испробав рецептот на Маја и ја направив „кокос тортата“ за која сите зборуваа, бев искрено воодушевена и ми стана јасно зошто е толку попyларна. Има текстура и вкус кој е неспоредлив со ниедна друга торта која сум ја направила досега. На домашните многу им се допадна токму оваа комбинација од филови, па не би менувала ништо во рецептот.




За да ја направите оваа торта, потребни ви се само неколку состојки и малку време. Приближно за целата подготовка од почеток до крај ќе ви бидат потребни час и половина време, а откако ќе отстои во фрижидер станува уште повкусна. Кај мене дечињата беа многу нестрпливи и веднаш посегнаа по едно парче за да ја пробаат, уште пред да се излади. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г брашно, 150 г шеќер, 100 г маргарин, 2 жолчки, 1 шолја какао, 1/2 прашок за печиво, малку кисела павлака или млеко. ЗА ПРВИОТ ФИЛ: 6 белки, 150 г шеќер, 150 г кокос. ЗА ВТОРИОТ ФИЛ: 4 жолчки, 2 пудинзи од ванила, 600 мл млеко, 150 г маргарин, 100 г шеќер во прав.




И за глазура ќе ви биде потребно: 150 г чоколадо за готвење и кокос, рендано чоколадо, какао. ПОСТАПКА: Во сад се става брашното, се прави вдлабнатина на средина и се додава сечканиот маргарин, жолчките, прашокот за печиво, шеќерот и малку од павлаката (околу половина шолја) или млеко.




Се мешаат сите состојки и се замесува мазно тесто. Веднаш се поделува на два еднакви делови и на набрашнетата површина развлечете ја кората според димензиите на плехот (во мојот случај 25×37 см) Тавата премачкајте ја со масло и наросете брашно, па внатре ставете го првото тесто.




За првиот фил: Белките се матат убаво и постепено се додава шеќерот додека да се добие тврд снег. Се додава една по една лажица кокос и убаво се меша да се изедначи масата. Смесата се излева врз првото тесто во плехот и со лажица се израмнува убаво.




Втората кора развлечете ја на набрашнета површина и внимателно ставете ја врз белките и печете во загреана рерна на 180 C, околу 20 минути. За вториот фил: Изматете ги жолчките додека станат пенасти, додајте ја смесата за пудинг и 100 мл млеко и сето убаво измешајте.




Останатото млеко сварете го и кога млекото ќе зоврие додајте ги пудингот и жолчките и сварете го густиот крем на средна температура. Кога пудингот ќе се свари, тргнете го од оган и оставете го да се излади. Омекнатиот маргаринот (на собна температура) и шеќерот во прав се матат настрана и се додава изладениот пудинг, па се соединува.




На изладеното тесто ставете го жолтиот фил и оставете го во фрижидер да се излади околу половина час. Декорирајте ја тортата со растопено чоколадо или само кокос и исечете го на коцки или квадари по желба. Вториот рецепт се приготвува побрзо, бидејќи нема печење:




Втор рецепт (без печење). ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г мелени бисквити, 200 г темно, квалитетно чоколадо, мелено или ситно рендано, 100 мл млеко. ЗА ФИЛ: 500 мл млеко, 80 г пченичен гриз, 100 г шеќер, 200 г кокос. ГЛАЗУРА: 100 мл слатка павлака, 100 г црно чоколадо, 40 г путер.

ПОСТАПКА: Се мешаат мелените бисквити и меленото чоколадо, па се прелеваат со млеко. Се меша, а добиената смеса за кора се натапкува во тепсија 30х22 см обложена со хартија за печиња. Се израмнува да биде рамномерно.

Половина литар млеко со 100 г шеќер и 70 г пченичен гриз се мешаат со жица за матење, па се ставаат на оган и се готви со постојано мешање додека да згусне. Во врелиот гриз се додава кокосот, се меша и се нанесува рамномерно врз кората.

Се става во фрижидер или замрзнувач да излади. Слатката павлака се загрева со чоколадото искршено на коцки и се меша додека тоа да се стопи (не смее да зоврие), па потоа се додава 40 г путер и се прелива како глазура. / Сооlinarika.сom