Прочитајте го хороскопот за цела 2018 година и откријте што ве очекува во неа.

ОВЕН

Интуицијата и генијалноста на вашиот ум, како и постојаната потрага за експерименти и авантура ќе ви ја разбудат креативноста. Ќе живеете на вртелешка, а со трпеливото работење на себе ќе заслужите влез во духовната димензија на постоењето.

Сатурн цела година ќе ве учи на верност и предаденост на полето на љубовта, а Уран ќе биде заслужен за вашата независност.

Ќе бидете спремни за искрена и одговорна љубов. Вашата нова љубов може долго да трае. Кармички, можеби и вечно. Ќе имате ментални падови и подеми, кои не треба да ве поколебаат во вашите цели. Бидете самоуверени и ќе ја отстварите вашата цел.

БИК

Оваа година биковите кои се познати како економисти, нема да се плашат од иднината. Ќе бидат среќни и ќе живеат овде и сега. Ќе се истакнете со хумани дела, иако вашиот знак е познат како штедлив. На полето на професијата ќе бидете многу амбициозни, додека во љубовта ќе се залепите за Девица или Риба, со која ќе бидете едно.

Ќе бидете убави, весели и богати. Нептун цела година ќе ве потсетува дека раката која дава не се суши, па нема да мислите само на себе и своето его туку напротив, ќе давате и ќе бидете хумани. Тоа ќе ве направи и исполнети и среќни.

БЛИЗНАЦИ

Со влијанието на Сатурн годинава ќе се откриете самите себе. Ќе продрете во коренот на сите ваши проблеми и ќе превземете одговорност за вашиот живот.

Годинава ќе избегнете скандали и гласини. Марс, Сатурн и венера во втората половина на годината ќе ви пружат емоционално будење. Ако се надевата на дете, оваа година желбата ќе ви се отствари. Годинава ќе сфатите дека без јасна комуникација нема мир за телото и душата.

РАК

Емотивните ракови ќе си го сменат животот од корен. Емотивноста и страдањето кое често го чувствувате ве научило на најважното нешто-срцето! Ќе простувате и ќе ви биде полесно. Со вишокот енергија кој го имате ќе оставате впечаток на себичен човек. Здравјето добро ќе ве служи. Венера и Плутон годинава ќе ви помогнат да им се препуштите на љубовта и страстите, некаде во втората половина. Ќе станете независни и самоуверени, што тешко ви оди од рака. Ќе имате успешни бизнис потези.

ЛАВ

Сатурн ќе го подобри квалитетот на вашиот карактер. Ќе станете свесни за сопствените слабости и тоа како да се решите од нив. Уран и Сатурн ќе ви помогнат да го живеете животот без ограничувања, а плановите ќе ви бидат успешни на сите полиња.

Оваа година ретко ќе се досадувате. Ќе имате одлична семејна атмосфера, а во љубовта срцето ќе има и ладни и топли струи. Ќе бидете магнет за секс.

Ќе бидете актуелни во друштвото и ќе се забавувате, па така ќе ви се покаже патот и до љубовта.

ДЕВИЦА

Јупитер ќе ве полни со позитивна енергија. Верувате дека со секојдневна макотрпна работа ќе постигнете многу, што е и во вашата природа бидејќи сте перфекционисти. Ќе имате професионален развој. Годинава ќе уживате и во љубовен успех, како и финансиска надоградба.

Девиците сепак ќе се тргнат настрана од луксузот. Аурата ќе ви биде темносива и сребрена. Покажете храброст и мудрост кога ви е најтешко. Во семејството ќе бидете креативни и ќе имате хармонија и слога. Ќе се остварите во духовната димензија со помош на Нептун.

ВАГА

Вашата внатрешна рамнотежа ќе ја уништи Уран, а казните ќе ви ги наплаќа немилосрдниот Плутон. Уран ќе ви ги кине живците, а Сатурн цела година ќе ве разнежнува. Вагата е вашата совршена љубовна комбинација.

Оние кои планираат свадба, таа ќе им се отствари. Ќе бидете комуникативни и друштвени, што ќе ви годи. Вашите амбиции годинава ќе добијат зелено светло. Искористете ја годината паметно.

ШКОРПИЈА

Гласниците на секс и смрт, за какви што се сметаат овие знаци, цела година ќе бидат под влијание на Нептун. Силни и страствени како и секогаш, годинава ќе ја поседувате саканата личност со сите сетила.

Венера ќе ви ја разубави годината. Ќе работите и ќе бидете исполнети. Ќе се чувствувате среќни и исполнети.

СТРЕЛЕЦ

Сатурн цела година ќе има нешто против нас. Ќе барете сидро длабоко во себе. Годинава ќе се одморите и вратите на самите себе. Сатурн може за вас да биде голема награда.

Оваа година ќе ви пропадне некое патување во странство, а финансиите и здравјето нема да ви бидат на завидно ниво. Уран нема да ви дозволи да потонете во несигурност и меланхолија.

ЈАРЕЦ

Плутон ќе ве затемнува, но од мракот ќе се роди светлина во вас. Искоренете се што е деструктивно во вас. Ќе отстапите од себичностаи и материјализмот кои се во вашата природа. Ќе и се предадете на љубовта и креативноста.

Годинава ќе бидете помудри, а постарите Јарци ќе изгледаат како да испиле еликсир на младоста. Ќе зрачите со шарм и можно е да ја пронајдете сродната душа токму годинава.

ВОДОЛИЈА

Јупитер, Сатурн и Уран ќе ви ја разбудат креативноста. Ќе имате нова енергија која правилно ќе ја користите. Ќе бидете смирени и телесно здрави. Ќе бидете исполнети со љубов и ќе враќате и на лошото со добро. На крајот на годината лудо ќе се заљубите.

РИБИ

Вашата кревка природа ќе излезе и годинава на виделина. Светот на реалноста и соништата не одат заедно и тоа ќе го почувствувате и на своја кожа. Ќе чувствувате дека сте во љубовна опасност, а ќе чувствувате и голема љубомора. Можно е безнадежно да се заљубите.