Билкарот Најдовски: Рецепт за лекување на белите дробови со коњско опавче

Коњско опавче (lat. Equisetum arvense)
Пишува билкарот Мартин Најдовски.

Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.

Loading...

Коњско опавче или уште познато како Раставче е плевел кој е многу лековит. Има над 15 видови на коњско опавче но само едно се користи во лековити цели, односно Equisetum arvense. Ова коњско опавче се наоѓа на суви почви и се разликува од другите по тоа што е во вид на елка. Од врвот игличите се мали а како оди надолу по стеблото тие се сè поголеми и поголеми. Постојат и други врсти на коњско опавче како што е барското коњско опавче, шумско коњско опавче и други..

Да потенцирам дека некои видови се отровни како што е барското коњско опавче па затоа бидете внимателни што берете и од каде берете. Барското се познава по тоа што сите иглички му се исти, од врвот па сè надолу по стеблото. Единствено овој тип на коњски опаш се употребува во народната медицина како облога надворешно, за тумори и рак на кожа.

Коњското опавче е богато со силициум, танини, А, Б2, Б3, Ц и Е, јаболчна киселина, калциум, магнезиум, железо и друго..

Таа е многу нежна билка па затоа бидете претпазливи како ќе ја сушите и како ќе ја соберете.

Во народната медицина се употребува дури и кај најтешките болести како што е рак, особено кај рак на бели дробови (Заедно со ајдучката трева даваат одлични резултати за лекување на оваа состојба), за тумори, делува исто како и пелинот со тоа што чисти глисти и паразити од организмот, врши испирање на бубрезите а со тоа се употребува кај воспаление на бубрези, камења и песок во бубрези поради неговото диуретично дејство.

Коњското опавче е исто така составен дел од многуте чаеви и комбинации за слабеење, така да во комбинација со зелен чај, ѓумбир и коприва може да се измеша и да се направи смеса за слабеење.

Поради калциумот и силициумот кој го содржи, одлични резултати дава кај лиѓе кои имаат лесно кршливи нокти како и за/или болки во коските, истегнати тетиви и скинати лигаменти, шинати или болки во зглобовите, коњското опавче може да ги реши овие проблеми бидејќи делува на ‘рскавицата, го регенерира ткивото и го забрзува неговото закрепнување.

Бидејќи е диуретик ги прочистува мочните патишта, чисти инфекции и лекува болно мокрење. Во народната медицина се употребува и за намалување на шеќерот односно дијабет и за намалување на високиот крвен притисок. Се употребува и кај запирање на крварења во организмот, внатрешно и надворешно, како на пример, може да се земе во вид на тинктура или чај кај крвави хемороиди, крвавења од носот, крвав чир на желудник итн..

Надворешно прав сомелен во машинка за кафе, се става на рани кај животни и луѓе за запирање на крвта. Некои луѓе го користат и за испирање на косата, бидејќи го намалува првутот, го поттикнува растот на косата и ги зајакнува врвовите.
Исто како и барскиот, и овој вид може да се користи надворешно кај тумори или рак на кожата.

Рецепти:

1. Чај: 1 супена лажица билка се попарува со 250 мл зовриена вода, стои поклопено 20 мин се процедува и се пие по 2 шолји дневно. Се пие 7 дена па се прави пауза од 3 дена и повторно се пие. Се пие со паузи бидејќи е диуретик и константно внесување може да направи пад на калиумот и оштетување на бубрезите.

2. Тинктура: 2 супени лажици билка се прелеваат со 200 мл ракија. Стои 21 ден, се процедува и од тинктурата се пие по 20 капки, 3 пати дневно, 30 мин пред јадење. Се пие како и чајот, 7 дена па 3 дена пауза.

3. Облога надворешно за тумори или рак на кожа: Се толчи коњското опавче, свежо и се става директно на местото, делува на извлекување па се превива со крпа местото и се завиткува со завој. Стои се додека се исуши, а откако ќе се исуши се ставаат повторно облози 3-4 пати дневно.

4. Прав за рани: Во машинка за кафе се меле коњско опавче во прав, па од правот се става на крвави рани кај животни или луѓе, се завиткува со завој. Крвта престанува да тече.

5. Рак на бели дробови: Се прави комбинација од еднакви делови на ајдучка трева и коњско опавче. 2 супени лажици од смесата се прелеваат со 500 мл зовриена вода. Се пие 2 пати дневно, 30 мин пред јадење. Во чајот се додаваат по 30 капки прополис. Надворешно се става облога од коњско опавче напред на градите и на грбот.

Контраиндикации: Не го препорачувам за луѓе со низок притисок бидејќи прави пад на притисокот, да не се надмине дневната доза бидејќи може да предизвика надразнување на бубрезите и ако се употребува за камен во бубрегот, може да го откорне и да дојде до заглавување на каменот во мочните патишта. Правете паузи како што е наведено. За доилки и бремени жени не се препорачува. Додека го пиете задолжително внесувајте калиум (иако веќе го содржи коњското опавче) бидејќи со зголемената диуреза тој се исфрла. Или 2 банани дневно или по 1 домат на ден.

Loading...