Home Рецепти Најсподелуваниот рецепт: Направете Баунти торта за само 10 минути без печење

Најсподелуваниот рецепт: Направете Баунти торта за само 10 минути без печење

Направете домашна БАУНТИ ТОРТА за која ви се потребни само 10 минути! Најсподелуваниот рецепт

Направете домашен колач или торта со вкус кој сите го обожуваат.

Овој колач е седмо небо за љубителите на БАУНТИ – готов за неполни 10 минути, без печење

Со полн кремаст вкус на кокос!

Потребни состојки:

300 г мелени бисквити
200 г темно, квалитетно чоколадо, мелено или ситно рендано
100 мл млеко

За фил:

500 мл млеко
80 г пченичен гриз
100 г шеќер
200 г кокос

Глазура:

100 мл слатка павлака
100 г црно чоколадо
40 г путер

Постапка:

Се мешаат мелените бисквити и меленото чоколадо, па се прелеваат со млеко.

Се меша, а добиената смеса за кора се натапкува во тепсија 30х22 см обложена со хартија за печиња. Се израмнува да биде рамномерно.

Половина литар млеко со 100 г шеќер и 70 г пченичен гриз се мешаат со жица за матење, па се ставаат на оган и се готви со постојано мешање додека да згусне.

Во врелиот гриз се додава кокосот, се меша и се нанесува рамномерно врз кората. Се става во фрижидер или замрзнувач да излади.

Слатката павлака се загрева со чоколадото искршено на коцки и се меша додека тоа да се стопи, па потоа се додава 40 г путер и се прелива како глазура.