Слонот е животно кое луѓето обично го поврзуваат за добро памтење и силни фамилијарни врски. Од многу одамна слонот претставувал симбол за добро здравје, долговечност, трпение и верност.
Во бројни култури слонот зазема почесно место, особено во Индија каде се смета за свето животно. Впрочем, слободно може да се каже дека слонот за Индијците не е само превозно средство, туку и еден вид национално богатство.
Истовремено е најбараниот сувенир и талисман за среќа, здравје, просперитет, добар углед, но и врска со веројатно најпопуларниот бог во Индија – Ганеша. Познат како бог кој ги руши сите пречки, Ганеша има тело на човек а глава на слон, каде главата, односно сурлата претставува симбол на супериорна интелигенција.
И во Кина слонот е еден од најпопуларните симболи. Се доведува во врска со сила, чесност, слава, правичност а има и одлики на племенит водач: мудрост, храброст, висока моралност. Во кинеската уметност често наидуваме на слон опкружен со мали деца, па оттука е јасна и неговата улога во Фенг шуи. Имено, се смета дека поставување на неколку фигури слонови со спуштени сурли пред спалната соба – гарантира среќно и здраво потомство.
Дали и вие имате фигура на слон дома? Еве каде и како треба да стои за да привлекува среќа и богатство.
Слон во близина на влезна врата привлекува среќа и здравје за домашните, додека слон во градината ја штити куќата од негативни влијанија однадвор.
Фигура од слон ако ставите во вашата спална соба, претставува љубов меѓу двајца и го чува бракот, додека фигура на мајка слон со нејзиното младенче – го чува добриот однос меѓу родителите и децата.
Брачните парови кои сакаат бебе, треба да стават слон во спалната соба, но не заборавајте и една фигура во детската соба за креативност и наука.
За да привлечете пари и успех на работа, фигурата на слон со жаба или мајмун на врвот треба да ја поставите во северниот дел од куќата.
Слон со дигната сурла значи успех, а со спуштена значи долговечност.