Кај народот постои верување дека ако во месец октомври времето е убаво и има високи температури, тоа претскажува долга и студена зима. Во овој период пајаците плетат мрежи кои може да бидат одвејани од ветрот. Доколку ваква пајакова мрежа, која уште се нарекува и Маријанина коса, се залепи за некого, тогаш се верува дека тој човек ќе има среќа цела година.
Октомври е убав месец со добри вибрации и треба што подобро да се искористи. Овој месец е исклучително погоден за сите брачни парови кои сакаат потомство, како и за оние кои планираат свој бизнис или било која друга работа.
Од 2. до 11. октомври е многу добар период да размислите за своите постапки и дела, а со самото тоа и да им простите на оние кои на некој начин ви згрешиле. Тоа ќе ви помогне да се олесните духовно и многу подобро ќе се чувствувате.
Од 12. до 17. октомври е период кога би требало повеќе да се посветите на создавање, односно на продолжување на својата лоза, па така, младите брачни парови треба да поработат на ова прашање за да ги исполнат своите желби.
Периодот од 19. до 25. е идеален за започнување на нов бизнис или на било која друга приватна работа.
Од 26. до 30. октомври, доколку немате емотивен партнер, сега е вистинскиот период да го побарате.