Ако сите некогаш сте похувале тиквички, тогаш знаете колку многу се вкусни. Но, направете ги еднаш и според овој рецепт, ќе бидете воодушевени, многу повкусни се вака! – Верица Николиќ.

Похувани тиквички со кашкавал / Верица Николиќ

Потребни состојки: 700 г тиквички, 1 лажичка сол. Смеса за похување: 4 јајца, 1/2 лажичка сол, 100 г кисела павлака, 3 полни лажици брашно, 50 г ситно рендан кашкавал (трапист, гауда, едамер…), брашно. И уште е потребно масло за пржење.

Постапка: Тиквичките измијте ги, па исечете ги на кругови (заедно со кората) на дебелина од 2-3 мм. Ставете ги во подлабок сад и посолете ги лажичка сол. Измешајте ги и претурете ги во поголема цедалка.

Вака исечени и посолени тиквичките оставете ги да отстојат околу половина час за да испуштат што повеќе вода од нив. Во посебен сад скршете ги јајцата, додајте сол, па пенасто изматете ги со миксер.

Похувани тиквички со кашкавал / Верица Николиќ

не треба премногу да се матат како за пандишпан, туку колку јајцата добро да се поврзат. Додајте ја и киселата павлака, па заедно изматете ги. Додајте го и брашното, па повторно изматете за да нема грутчиња.

На крајот додајте го ситно изренданиот кашкавал, па промешајте со лажица. Во еден друг сад ставете само брашно. За похување ќе ви биде потребна нелеплива тава. Ставете масло за готвење во висина од 1 см.

Похувани тиквички со кашкавал / Верица Николиќ

Загрејте го маслото на средна температура (акои е потребно, во текот на пржењето, додавајте во тавата уште малку масло). Тиквичките од цедалката малку истапкајте ги со кујнска крпа или хартија.

Секое парче валкајте го прво во брашно, па во смесата од јајца и кашкавал. вака испохувани тиквичките спуштајте ги во загреано масло. Кога долната страна ќе зарумени, свртете ги и од другата страна.

Пржете ги по неколку минути од двете страни, а кога се готови похуваните тиквички вадете ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Послужете ги со салата по ваш избор.