Home погача Мека погача со кисело млеко

Мека погача со кисело млеко

Ова е одлична погача за вечера која ќе биде на вашата маса за 30 минути. Мека, сочна и вкусна. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

300 г бело брашно
3 јајца
200 мл кисело млеко
150 мл млеко
100 мл масло
1 прашок за печиво
1 лажичка сол

Постапка:

1.Во подлабок сад ставете брашно, прашок за печиво и сол, па промешајте и додајте ги останатите состојки. Тестото е доста меко, дури и полутечно, па затоа се меша со шпатула, а не се меси со рака.

2.Тепсијата или помал калап намастете, па истурете го тестото. Рерната вклучете ја на 220 степени, па кога ќе се загрее за 10-тина минути, ставете ја погачата да се пече додека убаво да зарумени.

<

Додека се пече погачата малку ќе нарасне…

3.Пред печењето по желба одозгора можете да посипете сусам или семки. Послужете додека е топла со кајмак, домати, ајвар, младо кромитче… Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: