Утринското пушење се дефинира како палење на цигара во првите половина час после будењето, а оваа навика го зголемува ризикот за добивање на рак на бели дробови за 79% во споредба со нејзино палење еден час подоцна.
Оние кои наутро веднаш после будењето запалат цигара имаат значително поголем ризик од неколку опасни и смртоносни болести. Поради тоа, размислете уште еднаш пред да го повлечете првиот дим.
Овие утрински пушачи исто така, имаат и 59% поголем ризик за развивање на рак на главата и вратот.
Точната причина за ова зголемување на ризикот се’ уште не е позната, но истражувачите сметаат дека главната причина е тоа што лицата кои после будење веднаш палат цигара – се повеќе зависни.
-Оние лица кои имаат значително повисоко ниво на никотин и други токсини од тутунот во своето тело, се повеќе навлечени на цигари бидејќи не можат да почекаат ни еден час.
Исто така, ваквите луѓе пушат со значително поголем интензитет и поради тоа вовлекуваат поголем дим во белите дробови и се изложуваат на поголеми количини на канцерогени материи – смета д-р Џошуа Мускат од пен Стејт медицинскиот колеџ, а пренесува списанието Time.
Сето ова укажува на фактот дека лицата кои веднаш по будење посегаат за цигара – се особено ранливи на рак.