Колку и да звучи грубо, недостатоците е најдобро да се посочат директно и без заобиколувања. Во овој текст го правиме токму тоа. Не станува збор за шовинизам туку за опис на припадничките на понежниот пол од аспект на зодијакот. Од вас зависи дали ќе му верувате на овој хороскоп…
Овен: Невидени тапи На жените кој го носат овој хороскопски знак не може да се гледа како на припаднички на понежниот пол, бидејќи тие сепак се овни а не овци. Од ова произлегува дека станува збор за мажи заробени во женско тело и токму затоа женските овни не поседуваат ниту една карактеристика која мажите ја бараат. Немаат нежност, премногу се себични и нападни, не размислуваат логично, не поседуваат емоционална интелигенција, не му се препуштаат целосно на својот партнер (реално, сите овие се машки особини).
Водат непредвидлив живот, бидејќи нивниот избор на партнери е површен а после тоа се чудат откако ќе бидат измамени и напуштени. Резимирано, потребно им е многу време да сфатат што се случува околу нив а во некои случаи таквото „просветлување“ целосно ги заобиколува. Не е јасно кои критериуми ги применуваат при изборот на партнер, но ова нека биде предупредување за останатите бидејќи ја знаете поговорката „Со кого си, таков си“. Во отсуство да се каже нешто посуштинско за овој знак, одиме на наредниот…
Бик: Белосветски напори Кравите се вбројуваат меѓу ретките суштества кои не можат ни да ја замислат состојбата на замор која ја создаваат кај соговорникот. Нивната фасцинација со теми поврзани со телесните функции и проблеми (кога добиле, кога не, што ги советувал гинекологот, каква боја имала бубулицата што им се појавила минатиот четврток) кои отворено им ги пренесуваат на лица што ги гледаат прв пат во животот навистина знае да „извади од кожа“. Но тоа не ги спречува кравите да продолжат со своите постапки со широко затворени очи, најчесто на сила, со глава во ѕид. Кај припадничките на овој хороскопски знак, она што го гледате, тоа и го добивате. Само не се надевајте дека во текот на животот ќе се променат.
Близнаци: Лажат во очи Близнаците лажат, тоа е општо познато. Но да повториме уште еднаш, близнаците лажат! Ако се суди според нивните романтични и волшебни зборови, ќе заклучите дека љубовта на Ромео и Јулија не е ништо во споредба со вашата. Но, ако се гледаат делата тогаш ќе видите дека во нејзината листа на приоритети котирате многу ниско, да речеме дека поприоритетни сте само од чистењето на шпоретот.
Секогаш ќе мора да направи нешто и да се види со некого пред да биде со тебе. Едноставно, нејзините приказни никогаш не држат вода. Вистината е дека те изневерува, најверојатно со повеќе мажи во ист период. Добрата страна е што и нив ги третира исто како тебе. Си имаш работа со некој кој не може да испорача квалитет, па затоа оди на квантитет.
Рак: „Лудачи“ Ниту една од жените во тој знак не е нормална. Го знаете оној вид на манијачки, кои слатко ви се смешкаат а зад грбот држат нож, додека стоите на врвот на зграда полна со лешеви и обвиена во пламен а специјалците мора да користат снајпери за да ја елиминираат?
Тоа е жената рак. Имате работа се неурамнотежена личност која го менува своето расположение и по неколку пати во денот. Во еден момент е садист и ваш најголем непријател а во друг е старата, нормална личност која на некој чуден начин има амнезија за настаните што се случувале во претходните неколку часа. Посебна причина за ваквите нагли промени на расположението не мора да постои, едноставно доволни се гласовите во нивната глава.
Лав: Наметливи и непредвидливи Лавиците веруваат дека се посебни. Дека нивниот влез во просторијата е проследен со театрална музика и дека секогаш околу нив има барем по една личност којa ги обожува.
Најчесто навистина има, тоа се тие самите. За да бидете со лавица мора да научите да се сложувате со се’ што таа ќе каже и да ја почитувате без некоја поголема причина. Повремено може да ја водите во планетариум за да согледа дека планетите се вртат околу сонцето а не околу неа. Но мали се шансите дека некогаш навистина ќе го разбере тоа.
Девица: Нож во грбот За девиците едно нешто е сигурно: порано или подоцна ќе ви забодат нож во грб. Тоа ќе биде смислено и анализирано како најдобра опција (за неа). Глуми толку добро што нема ни да се посомневате дека веќе со денови или месеци се откажала од вас и дека крои план како да ве елиминира. И кога се чувствувате најбезбедно, стига предавството. Но запомнете, најсуровите убијци се всушност кукавици.
Лично усовршување во комбинација со заложба за квалитет, како што тие го нарекуваат тоа убаво. Нивната алатка е умот и логиката а не емоциите. Нема страст, прегратки, нежност и топлина. Солзите ги користат за да се оплакуваат себеси. Поради тоа, најчесто остануваат сами.
Вага: Манипулатори до срж Што и да направите е снимено и анализирано во разговорите со нејзините пријателки, може да ве рекламира, но и да ве управува и манипулира. Искусни се во тоа, не сте ни прв ни последен кој потпаднал во „канџите“ на оваа богомолка.
Всушност таа е себична и егоцентрична, но целосно неспособна да стори нешто повеќе во врска со својата неодлучност. Делата не се нејзината јака страна. Зборовите се. Кога ќе се опише како комуникативна, тоа значи дека зборува премногу. Смислата на своето постоење го гледа во можноста да фати некој “моќен” (барем во нејзините очи) човек кој ќе ги донесува главните одлуки место неа. Доколку имате вага за партнерка, пазете се од венерични заболувања.
Скорпија: Емотивно незрели Еве нешто што нема да го прочитате во друг хороскоп: скорпиите се емотивно незрели, груби, грди и расипани карактери кои не почитуваат ништо.
Како кога на мало дете ќе му ја земете омилената играчка. Таа се лути, плаче, гризе и во моменти кога постои некаков поголем неспоразум ве мрази од дното на душата. Да е поголема и посилна, би скокнала врз вас и би ви го одгризала гркланот. Овие импулси скорпиите ги носат со себе во текот на целиот живот, само како минуваат годините стануваат поконтролирани и помалку очигледни.
Секогаш имајте предвид дека скорпиите никогаш не забораваат. Ако треба би влегле и во оган, само за да ја остварат зацртаната цел. Без оглед на причината, за нив тоа е најважното нешто во светот.
Стрелец: Знаат добро да одат по нерви Животот на стрелците е тажен. Тврдоглаво одбиваат да ја согледаат реалноста и да се соочат со фактот дека нивниот систем на вредности е несоодветен, поради што постојано го извлекуваат „подебелиот крај“. Човек да се запраша која е нивната цел што ги води низ животот?
Сигурно тоа не е разумот. Стрелците немаат издржливост и дисциплина. За своето тело и сексуалност знаат онолку колку што научиле во основно. Најлоши се во управувањето со пари. Немаат чувство за материјална вредност (најчесто се премногу сиромашни). Зошто целиот тој оптимизам и насмевки кога живеат во дупка? Најверојатно бидејќи уживаат во улогата на дворски шут кој ги засмева и расположува другите.
Јарец: Доминантни садисти За разлика од митот на издржливост, амбиција, моќ и доминација, практиката за овој хороскопски знак говори нешто сосема друго. Тие се енормно големи кукавици. Бегаат како мува без глава кога ќе се зголеми ризикот. Ги оставаат другите на цедило, тоа е активност што ја практикуваат во текот на целиот свој живот.
Доколку успеете да ги фатите, нема да имате многу задоволство во одмаздата. Бидејќи има уште една клучна работа за нив: тие се фригидни. Емотивно неписмени. Не можат да ги покажат своите емоции. Премногу се бавни и мрачни за да почувствуваат радост и задоволство во животот.
Ќе сфатите дека ве доминира некој кој не вреди и не може да ви пружи ништо особено. Но, постои исклучок. Ако најдете „коза“ чија прегратка е топла и силна, која пролева солзи од тага и радост, задржете ја бидејќи таквите единки се чисто злато и вистинска реткост.
Водолија: Себични и непредвидливи Не може да ги погодите ниту во добра ниту во лоша смисла. Крајната констатација е дека не се грижат за вас а ниту за она што го зборувате за неа.
Причината поради која е со тебе е затоа што си чудак а тоа е доволно за да се добие висок рејтинг во нивните очи, бидејќи тие се сметаат за несфатени и посебни. Во суштина, се очајни осаменици со лош „филм“ во главата. Немаат што да понудат освен вредносен систем во кој нема да најдете светла иднина за себе.
Риби: Корпа за отпадоци Ја имате Пандорината кутија во раце. Ова не значи дека ве очекува нужно зло, во неа може да се крие и богатство но бидете претпазливи. Рибите апсорбираат се’. Складираат. Претежно лоши работи. Но тоа најмногу зависи од луѓето кои ги опкружуваат.
Рибите се прилагодуваат и црпат од средината во која се наоѓаат. Дознајте за нејзиното минато бидејќи има тенденција да ги повторува своите постапки. Ќе ви го направи она што и’ го направиле други. Можеби си имате работа со психопат, можеби со фина девојка. Играте руски рулет за големи пари. Добивката може да биде огромна, загубата уште поголема. За секс или се совршени или најлоши, средина нема. Доколку наидете на лошиот тип на риба не очекувајте морални вредности. Како и да е, никогаш нема да ги откриете до крај. Секогаш ќе има нешто ново во врска со нив.