Дамите во овој хороскопскиот знак често пати немаат сила да се соочат со животот и проблемите кои тој со себе ги носи. Веројатно претпоставувате дека станува збор за меланхоличниот Рак.
Кога ќе се случи нешто лошо, тие многу пати знаат да дигнат раце и да кажат “ќе биде она што ќе биде“, но кога е емотивна врска во прашање тие не се откажуваат така лесно.
Емотивниот Рак е склон на плачење, па затоа кога има проблеми во врската често пати е напорен и постојано се јавува на партнерот.
Тоа за некого може да биде проблем, но ако партнерот навистина ја сака својата понежна половина, нема да и замери бидејќи ги прифаќа сите нејзини мани, но за возврат добива неверојатна љубов каква што може да понуди само дамата која во зодијакот е Рак.
Оваа зима може да биде извор на грижи и анксиозност.
Тешко ќе комуницирате со Јарците, па затоа најдобро е да се оддалечите од нив.
Обрнете повеќе внимание на децата и старите лица во вашето семејство.
Бизнис состаноците кои ќе се одржуваат оваа зима ќе ви го одредат тонот на 2017-та година, па затоа не бидете мрзеливи и не отсуствувајте од работата
Рибите го гледаат светот низ „розови очила“ и оваа нивна перспектива се одразува на сите нивни зборови и дела.
Тие живеат во некој свој совршен свет, дури и кога се целосно свесни за лошата страна на човештвото.
Во нивниот свет сè е добро и прекрасно. Тие имаат јака меморија и тенденција да ги запаметат најситните детали..
Затоа, разочарувањата се за нив кобни, ги туркаат во депресија и апатија!