Печени пиперки во рерна со фета сирење… Многу се вкусни, брзо се прават и не треба да ги пржите во масло…Фото и рецепт: Катарина Савиќ.

Доколку веќе имате претходно испечени пиперки, излупени и исчистени од семки, спремни за зимница, ова јадење ќе го приготвите многу брзо. Пиперките приготвени на овој начин се многу вкусни и одлични за прилог или предјадење.

Потребни состојки:

-пиперки
-фета сирење
-јајца
-брашно
-лебни трошки (презла)
-масло

Постапка:

1.Пиперките испечете ги на рингла, скара или во рерна во плех обложен на хартија. Ставете ги во најлонска кеса додека да подизладат, а потоа излупете ги и исчистете ги од семките.

Ако имате вакви пиперки замрзнато, само извадете ги и оставете ги да се одмрзнат.

2.Во секоја пиперка ставете парче фета сирење, па валајте ја прво во брашно, а потоа во јајца и на крај во лебни трошки (презла).

3.Вака приготвените пиперки редете ги во плех обложен со хартија и намастен со малку масло. Одозгора испрскајте ги со малку масло и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат.

Фото и рецепт: Катарина Савиќ