Похуван модар патлиџан, превкусно, мора да го пробате овој рецепт…Вкусни и крцкави.
Потребни состојки:
2 модри патлиџани
1 прстофат сол
400 мл млеко
50 г рендан кашкавал
1 лажичка лук во прав
60 г ситно мелени лебни трошки (презла)
брашно за валање
2 јајца
Постапка:
Модрите патлиџани исечете ги на тенки кругови. Ставете ги во еден сад и посолете ги со малку сол. Потоа прелијте ги со 400 мл млеко.
Оставете ги 10-15 минути а потоа процедете ги. Изрендајте ситно 50 г кашкавал, додајте една лажичка лук во прав и 60 г лебни трошки. Добро промешјте за да се изедначат.
Во една чинија ставете брашно, а во друга изматете две јајца со виљушка. Секое тркалце модар патлиџан прво валајте го во брашното, па во матените јајца и најпосле во мешавината со лебни трошки и рендан кашкавал.
Вака панираните парчиња спуштајте ги во умерено врело масло и пржете ги од двете страни додека да заруменат. Вадете ги во чинија обложена со хартиена салветка, а одозгора посипете ги со ситно сечкан власец.