Оваа преубава домашна погача можете да ја правите во разни варијанти. Топлото крем сирење и ароматичниот спанаќ даваат преубав контраст на крцкавото печиво од кое се шират мириси на задоволство.
Постои ли нешто послатко од топло лепче во вкусен сос? Бидете креативни и направете сопствена верзија на оваа погача.
Потребни состојки:
350 г брашно,
1 квасец,
200 мл млеко,
50 мл маслиново масло или растопен путер и
1 мала лажичка сол.
За фил:
400 г спанаќ,
2 чешниња лук,
1 јајце,
100 г сирење,
50 г пармезан*,
50 г моцарела*
сол, црн пипер по вкус,
*може да користите и обичен кашкавал или замена по ваш вкус
Постапка:
Направете квас од топло млеко, лажичка шеќер и квасец (промешајте добро и оставете 10-тина минути да се активира). Потоа замесете го тестото и оставете да ферментира половина час на топло.
За тоа време пригответе го филот:
Издинстајте го лукчето на малку масло, додајте го спанаќот, па кога ќе овене оставете го малку да излади. Со миксер изматете го сирењето со едно јајце, па додајте го спанаќот, моцарелата и пармезанот.
Тестото поделете го на 16 топчиња и наредете ги покрај работ на тркалезен калап за торти. Оставете ги да стасуваат 10-тина минути, па во средината распоредете го филот од спанаќ и сирење.
Печете ја погачата околу половина час во загреана рерна на 200 степени, а пред крај изрендајте малку кашкавал преку погачата. Печете додека да добиете убава боја и крцкава кора. Ако имате готово тесто, тогаш следете го овој видео рецепт: