Многу брза, лесна, едноставна и многу вусна пита која е здрава и лесна за стомакот. Совршено прилега со чаша јогурт или кисело млеко. Имаме 2 рецепти:

рецепт 1

РЕЦЕПТ 1 – Потребни состојки:

2 чаши пченкарно брашно,
2 чаши пченично брашно,
1 прашок за печиво,
1 лажичка сол,
1 чаша масло,
1,5 чаша млеко,
1 јајце,
300 г спанаќ* (смрзнат со путер, или поголема количина ако е свеж),
путер или маргарин за намастување на тепсијата и сусам за наросување.
*Наместо спанаќ можете да користите праз.

РЕЦЕПТ 2 – Потребни состојки:

4 јајца
100 мл масло
50 мл млеко
100 мл јогурт
100 мл газирана вода
3 чаши пченично брашно
1.5 чаша пченкарно брашно
1 прашок за печиво
1/2 лажица сол или по вкус
250 г сирење
300 г блитва

Постапка за рецепт 1: двете брашна измешајте ги заедно со прашокот за печиво, сол, масло, млеко, јајце и спанаќ (ако не користете свеж спанаќ – кратко обарете го или малку посолете го и истискајте го низ раце за да омекне.

По наведениот редослед ставајте ги состојките во сад и промешајте ги во еднолична смеса.

Излејте ја смесата во тепсија со средна големина која претходно сте ја намастиле со путер или маргарин. Преку смесата посипете малку сусам.

Ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени околу 30-40 минути, додека да зарумени. Послужете топло или ладно со јогурт или кисела павлака.

Постапка за рецепт 2:

Изматете ги јајцата, додајте масло, млеко, јогурт и газирана вода. промешајте, па додајте брашно и прашок за печиво. Посолете и додајте сирење и блитва.

Сето соединете го и смесата излејте ја во обложен калап со средна големина. Посипете со сусам или семки по желба и печете во загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.