Овен
Вие сте упорни и дрски, па не се откажувате сè додека не го изморите „противникот“, односно личноста која ви паднала во очи. Младите дами можат да се најдат на мета на додворување од страна на Водолија или Лав, додека посилниот пол може да му се допадне на нескротливите Близнаци или Стрелци кои не можат да седат мирни на едно место. Вие можете да ја запознаете вашата љубов на забавите кои ги посетувате.
Можат да ви се појават емоции и кон личност која е од странство и која сте ја запознале за време на патување. Оние кои веќе имаат врска, исто така можат да влезат во паралелна или забранета тајна врска во која ќе доминира страста.
Бик
Никој од другите хороскопски знаци не може да се бори со вашиот шарм и упорност.
Вие секогаш се трудите да оставите силен впечаток на онаа личност која ви се допаѓа. На Ракот му се допаѓа вашиот заштитнички став, додека пак, на Девицата безбедноста со која зрачите. Ако сте дама, тешко ќе одолеете на упорниот Јарец или егзотичната Риба.
Вие можете да запознаете некој за време на пролетта, па водете се од страстите и емоциите. Доколку врската се движи побавно, исто како што вие би сакале, тоа значи и дека таа не би траела долго. Вие можете да развиете силни емоции за личност од вашето родно место.
Близнаци
Вие сте весели, духовити и забавни, па во вашето друштво никогаш никому не му е здодевно. Ова може да им одговара на шармантната Вага или таинствената Водолија, особено ако сте жена. Машките претставници на овој знак, можат ненадејно да бидат привлечени од Лав или Овен.
Можностите за нова врска постојано ви доаѓаат сами, па токму затоа не мора да се трудите многу на тоа поле.
Но, имајте на ум дека и покрај тоа што не мора да се потрудите за почетокот, доколку сакате вашата нова врска да трае, тогаш ќе треба да вложите малку и од себе во неа. Најголемиот предизвик за одржување на врската кај вас е чекањето и трпеливоста.
Рак
Вие сте романтични и никогаш не ви е доволно од нежности, па токму тоа и јасно ѝ го давате до знаење на личноста која ви се допаѓа.
Доколку станува збор за Скорпија или сензуална Риба, тие веднаш ќе знаат дека го привлекле вашето внимание, особено ако сте припадничка на понежниот пол. Мажите Ракови треба да обрнат внимание на Бик или Девица кои веќе ги познаваат.
Без разлика дали сте сами или имате партнер, во вашиот живот може повторно да се појави бивш партнер кој целосно ќе го размрда.
Лав
Вие сте страсни и топли, често паѓате на надворешниот сјај, но умеете да ги препознаете искрените емоции. Особено ако тие доаѓаат од страсниот Овен или романтичната Вага. Ако сте мажи, нема лесно да можете да одолеете на духовитите Близнаци или спонтаните и лежерни Стрелци.
Секоја личност која влегува во вашиот живот го прави тоа со причина. Токму затоа обидете се да ја одберете онаа личност која може да ви овозможи сигурност и стабилност, а не забава и моментално задоволство.
Девица
На вашата практична и перфекционистичка природа најмногу ѝ одговара опуштање во друштво на весели личности кои умеат да уживаат.
Тоа може да биде еден Бик, иако исто така ви одговара и доминантниот Јарец.
Доколку сте претставници на посилниот пол, големи се шансите дека ќе ве привлече Скорпија или Рак.
Партнерите можете да ги запознавате во својот роден крај или друго познато окружување. Често се случува и некој од вашата фамилија да ви биде стројник.
Вага
Вие сте едни од најшармантните карактери, па токму затоа и спротивниот пол едноставно се „лепи“ за вас.
Една нескротлива Водолија или пак, зборлест Близнак би можеле лесно да го привлечат вашето внимание. Доколку сте мажи, вам нема да ви биде тешко да се заинтересирате за Стрелец или Лав.
Самата суштина на Вагите е љубовта, па токму затоа припадниците на овој пол постојано се во потрага по љубов, правејќи голем број прилики со цел да ги активираат своите емоции.
Скорпија
Поради вашата харизма и мистериозност, вие никогаш нема да останете незабележени и секогаш ќе зрачите со сексапил.
Вие можете да влезете во врска со еден пречувствителен Рак или еротична Риба, додека пак на дамите може да им се допадне некоја срамежлива Девица или воздржан Јарец.
Вие ќе имате можност некое пријателство да го претворите во љубов, но тоа може да биде и непромислена одлука. Од друга страна пак, никогаш не ја исклучувајте можноста дека некој од вашите пријатели може да ве запознае со личност која целосно ќе ги исполни сите ваши очекувања.
Стрелец
Вие сте спонтани и природни, весели и опуштени, како и вистински магнети за некој великодушен Лав или „откачена“ Водолија кои ретко би можеле да одолеат на вашиот шарм. Машките претставници на овој знак можат да забележат страстен Овен или тактична Вага.
Вие можете да влезете во врска во која ќе има голема разлика во годините, начинот на живот и културата. На оваа врска ќе треба долго да се прилагодувате, но ако успеете во тоа, вие ќе најдете стабилен и вистински партнер кој ќе остане со вас до крајот на вашиот живот.
Јарец
Можете да влезете во паралелна или трајна врска со одредена Девица или Скорпија. Ако сте дама, нема да останете имуни на додворувањето на мистична Риба или лежерен Бик.
Кај вас емоциите и врските не се менуваат многу често, па доколку личноста е активна, може да се задржи подолго време во вашиот живот. Ако не ја контролирате љубомората и посесивноста може да дојде до прекин на односот поради недоверба.
Водолија
Вие уживате да ја шокирате околината за сè, па зошто љубовниот однос да биде нешто поразличен?
Можеби вам ќе ве интересира некоја Вага кај која ќе ви се допадне немирниот дух или пак, некој Близнак кој нема да му смета тоа што постојано ги менувате плановите. Жените Водолии можат да запознаат Стрелец или Овен.
Вие можете да го помешате пријателството со љубовта, па токму затоа бидете сигурни пред да ги покажете своите вистински чувства. Исто така обидете се да бидете искрени кон партнерот бидејќи секоја тајна може само да ви штети.
Риби
Вашата сензуалност и еротичност не може да остане незабележана, особено ако сте дами. Една таинствена Скорпија или упорен Рак може да направи сè за да ве освои. Доколку сте маж, вие можете многу лесно да освоите Јарец или Бик.
Вие можете да запознаете личност на интернет, но немојте пребрзо да оддавате многу информации за себе бидејќи можете да се разочарате. Оние кои имаат среќа да ја запознаат својата сродна душа, целосно ќе се препуштат на овој однос.
Обидете се да се држите настрана од оние личности со кои ќе имате патолошки односи, бидејќи на тој начин само ќе се оддалечувате од среќата.