Доколку барате проверен домашен десерт што комбинира крцкави кори, богат ванила крем и освежителен вкус на сочни цреши, оваа кремаста пита е вистинскиот избор.
Подготовката е едноставна, а резултатот е мека, сочна и миризлива пита која се топи во уста и за која секогаш се бара парче повеќе.
Овој традиционален рецепт го исполнува домот со неодолив мирис и е идеален за семејни собири или викенд уживање, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки
За питата
* 500 г кори за пита
За филот
* 120 г пудинг од ванила
* 6 лажици шеќер
* 200 мл млеко
* 800 мл млеко
* 500 г цреши или вишни без семки
За преливот
* 3 јајца
* 5 лажици шеќер
* 1 кесичка ванилин шеќер
* 150 мл масло
* 200 мл јогурт
* 100 г гриз
* 1 кесичка прашок за печиво

Постапка
1. Извадете ги семките од црешите или вишните и оставете ги настрана.
2. Во сад измешајте ги пудингот, шеќерот и 200 мл млеко додека да добиете мазна смеса без грутки.
3. Останатите 800 мл млеко сипете ги во тенџере и загрејте ги до вриење. Додајте ја смесата со пудинг и варете со постојано мешање додека да се згусне. Оставете го кремот малку да се излади.
4. Во посебен сад изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додајте ги маслото, јогуртот, гризот и прашокот за печиво и мешајте додека да добиете изедначен прелив.
5. На работната површина поставете една кора и премачкајте ја со дел од преливот. Врз неа ставете втора кора и повторно премачкајте. Истата постапка повторете ја и со третата кора.
6. Врз четвртата кора распоредете тенок слој од млакиот ванила крем и додајте цреши или вишни по целата површина.
7. Внимателно завиткајте во ролат и наредете го во претходно намастен плех. Повторувајте ја постапката додека да ги потрошите состојките.
8. Доколку ви остане од преливот, рамномерно распоредете го врз ролатите. Во спротивно, лесно премачкајте ги со малку масло.

9. Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 30 минути или додека да добијат убава златнорумена боја.
10. Оставете ја питата кратко да се излади, исечете ја на парчиња и по желба посипете со шеќер во прав.
Совет плус
Оваа пита е подеднакво вкусна и додека е млака и кога целосно ќе се излади. За уште побогат вкус, послужете ја со шолја кафе, чај или домашна лимонада.
Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:





































