Home закуска Карфиол од рерна прсти да излижеш! Лесен и брз рецепт

Карфиол од рерна прсти да излижеш! Лесен и брз рецепт

Печен карфиол со пармезан

Овој едноставен, но вкусен рецепт за печен карфиол е совршен избор за брз и здрав оброк или прилог.

Со комбинација од ароматични зачини и крцкава кора од пармезан, овој карфиол ќе ги воодушеви вашите сетила и ќе стане омилен на вашата трпеза, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 1 главица карфиол
– По вкус сол
– По вкус црн пипер
– 1-2 лажички димена црвена пиперка во прав
– 3-4 лажици маслиново масло
– 50 г пармезан
– Свеж магдонос за декорација
– НМД

Постапка:

1. Загрејте ја рерната на 200°C. Обложете плех за печење со хартија за печење.
2. Исечете го карфиолот на еднакви цветчиња и ставете ги во голем сад.

3. Зачинете го карфиолот со сол, црн пипер и димена црвена пиперка во прав. Промешајте добро со протресување за да се распоредат зачините рамномерно.

4. Прелијте го карфиолот со маслиново масло и изрендајте го пармезанот ситно врз него. Промешајте повторно за да се соединат состојките.

5. Распоредете го карфиолот рамномерно во подготвениот плех.

6. Печете во загреана рерна 25-30 минути или додека карфиолот не добие златно-кафеава боја и крцкава текстура.

7. Извадете го од рерна, посипете го со ситно сечкан свеж магдонос и послужете топло.

Добар апетит! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ: