Home закуска Прсти да излижеш! Шницли во сос од лук, многу вкусно јадење…

Прсти да излижеш! Шницли во сос од лук, многу вкусно јадење…

Телешки шницли во сос со лук и магдонос

Телешките шницли во вкусен сос со лук и магдонос се традиционално јадење кое носи топлина и задоволство на трпезата.

Ова јадење, со својата едноставна подготовка и богат вкус, е идеално за семејни ручеци или вечери.

Комбинацијата од крцкави шницли и ароматичен сос, зачинет со свеж магдонос, совршено се надополнува со гарнир од варен кромпир и блитва, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

– 500 г телешки шницли
– 2 лажици брашно (за валање на шницлите)
– 1 лажичка сол
– 1/2 лажичка мелен црн пипер
– 4 чешниња лук
– 1-2 лажици брашно (за сосот)
– 1 лажичка зачин од сушен зеленчук (вегета)
– 150 мл вода
– 1 коцка за говедска супа
– 2 лажици сечкан свеж магдонос
– 100 мл масло за пржење
– НМД

За гарнир:
– 500 г кромпир
– 300 г блитва

Постапка

1. Телешките шницли истенчете ги со чекан за месо за да добијат рамномерна дебелина. Посолете ги и наросете ги со мелен црн пипер од двете страни.

2. Шницлите извалкајте ги во брашно, отстранувајќи го вишокот.

3. Во тава на силен оган загрејте го маслото и пржете ги шницлите по неколку минути од двете страни додека да добијат златнокафеава боја. Извадете ги на чинија и оставете ги настрана.

4. Во истата тава, на средна температура, пропржете го ситно сечканиот лук кратко, внимавајќи да не загори.

5. Додајте 1-2 лажици брашно и мешајте кратко за да се соедини со маслото. Потоа додајте го зачинот од сув зеленчук и коцката за говедска супа, па постепено додајте ја водата, мешајќи постојано за да се добие хомоген сос.

6. Кога сосот ќе почне да врие, вратете ги шницлите во тавата. Намалете ја температурата на ниско (од 9 на 3) и оставете ги да се крчкаат 40 минути (под капак), повремено превртувајќи ги шницлите за да се впие вкусот на сосот.

7. На крајот, додајте го сечканиот свеж магдонос и промешајте.

8. Послужете ги шницлите топли, заедно со варен кромпир и блитва подготвени по ваш избор.

Ова јадење е совршено за уживање во пријатна атмосфера со семејството или пријателите. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: